Поранешните министри за транспорт и врски и за образование и наука, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, биле претепани во истражниот затвор во Шуто Оризари во Скопје каде од вчера се на 30 дневен притвор. Според првичните информции за време на прошетката во отворената просторија, тие биле нападнати од Лирим Красниќи, осуден на 30 годишна затворска казна за случајот Диво Насеље. Директорот на затворот Ѓоко Котевски најави дека ќе испрати соопштение за инцидентот.
Јанакиевски и Ристовски се дел од осомничените за организатори на настаните на 27 април 2017 во Собранието. Обвинителката Вилма Рускоска побарала притвор за двајцата под сомневање дека можат да бегат или влијаат врз сведоци. Заедно со нив осомничени се и Никола Груевски и Трајко Вељановски, како и поранешен функсионер од УБК.
А. Зеќири