Сведочам на заробен град, вели советничката од СДСМ, Љубица Јанчева во гостувањето во „Вин-вин“. Таа додаде дека во моментов Град Скопје има неефективна администрација и Совет.
Нема никаква минимална комуникација помеѓу двата органа – Советот и градоначалникот. Тоа се две страни на една паричка и ако нема кохезија ќе нема просперитет за градот, а ние сме сведоци на тоа. Жалам што добивме таква градоначалничка и што граѓаните немаа слух за тоа што ние го зборувавме, рече Јанчева.
Советничката додава дека од Арсовска воопшто нема добиено одговор на прашање.
Сведоци сте каков е односот на градоначалничката особено кон опозицијата. Јас ќе бев изненадена ако добиев одговор на советничко прашање, немам добиено ниту усмено, ниту пак писмено. Таа не сака или не може да разбере дека така како што е таа избрана на избори, така и ние сме избрани и ние имаме обврска пред луѓето што нас не гласале, особено за она што тие не можат да го добијат како одговор ние да го направиме. Сега и ние како избраници на граѓаните не можеме да добиеме одговор, вели Јанчева.
Според советничката од СДСМ, Љубица Јанчева градоначалничката сè уште не е свесна за тоа што значи да е градоначалничка. Таа вели дека за оваа позиција честа е голема, но одговорноста е уште поголема. -Мнозинството во Советот до завчера го напаѓаше претходниот градначалник, а сè уште ги уживаме плодовите од таа работа. Тој реализираше најмалку четири булевари, тука беше и бас рапид-системот, кој неосновано беше критикуван дека не е зелен проект, рече Јанчева.
Мнозинството во Советот до завчера го напаѓаше претходниот градначалник, а се уште ги уживаме плодовите од таа работа. Тој реализираше најмалку четири булевари, тука беше и бас рапид-системот, кој неосновано беше критикуван дека не е зелен проект, рече Јанчева.
Таа додаде дека во моментов е неуспешна реализацијата на проектите од страна на градот.
Мостот на Љубљанска е таков проект, Парите се обезбедени од ТАВ програмата. Градоначалничката го потпиша договорот и се допишуваше со Владата за некакви анекси, ги доби и повторно не се гради мостот. 120 милиони денари се одвоени за реконструкција на Универзална сала, а таму не се работи и 80 милиони денари стојат на сметка, тоа се наменски пари, рече Јанчева.
Таа потсети дека актуелното мнозинство во Советот стоеше зад Арсовска.
ВМРО-ДПМНЕ во кампањата велеа дајте ни ја довербата за листата на партијата и за бројот 82, па така колку е одговорна градоначалничката, толку е и мнозинството, бидејќи тие и овозможија да биде градоначалничка, заклучи Јанчева.