Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, денеска попладнево е спроведена во затворот „Идризово“ за да ја издржи затворската казна од 4 години за набавката на блиндираниот „мерцедес“ во случајот наречен „Тенк“ што го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство.
Следните 14 дена таа ќе престојува во посебно одделение кое во затворот функционира од март, како заштита од Ковид-19. Потоа ќе се смести во едно од трите одделенија, според од проценките на стручниот тим.
Д.Т.