• Latest

Јанушев обвинува дека Владата се користела како штаб на СДСМ, од опозициската партија велат дека Јанушев покажува слики од кампањата во 2016 година

July 29, 2024
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Јанушев обвинува дека Владата се користела како штаб на СДСМ, од опозициската партија велат дека Јанушев покажува слики од кампањата во 2016 година

July 29, 2024 09:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев јавно го повика МВР, заедно со Јавното обвинителство да влезе во Генералниот секретаријат на Владата и да почне да проверува, како што рече, каков криминал е направен. Од СДСМ одговорија дека ВМРО-ДПМНЕ и Јанушев се во сериозна криза и страв, штом со слики од кампањата од 2016 година се обидуваат да докажат дека се злоупотребувала Владата за печатење на материјали за СДСМ во 2021 година.

Во гостувањето на ТВ Сител, Јанушев покажа слики од депото на Владата од кои, напомена, може да се види дека Владата се користела како штаб на СДСМ. Покажа и јавен повик за доделување финансиска поддршка, креиран на 1 април 2022 година, кој бил направен како да е од 21 мај 2021-ва. Ова, истакна, е  кривично дело и за тоа, рече, некој треба да одговара. Покажа и фотографии од две машини на кои, според него, има сериозни индиции дека се печателе изборните материјали на СДСМ.

„Ова е само мал дел, со ова ја отвораме Пандорината кутија. Очекувам надлежните институции од утре да дојдат и да ги почнат соодветните постапки. Инаку, јас лично не правам проверки, туку гледам да ги средам работите што со години биле оставени. Можеби е банален примеров, но речиси две години не функционира главниот влез во Владата зашто скенерите ги оставиле неисправни и тоа е најмал дел од проблемот“, потенцира Јанушев.

Токму во неговата сегашна позиција – генерален секретар, Јанушев ја гледа причината за обвинувањата на СДСМ во врска со неговиот имот.

Од СДСМ одговорија дека ВМРО-ДПМНЕ и Игор Јанушев се во сериозна криза и страв, штом со слики од кампањата од 2016 година се обидуваат да докажат дека се злоупотребувала Владата за печатење на материјали за СДСМ во 2021 година.

„Очајот и потребата да се спинуваат и покријат сите скандали во кој е фатен Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ ги тера да креираат смешни скандали со уште посмешни докази. Слободно институциите нека истражат за каков тоа скандал се работи со печатење на изборен материјал кој се печател преку временска машина, за потребите во 2016 година, но со датум на печатење во 2021“, велат од СДСМ.

Од опозициската партија додаваат дека граѓаните се смеат на јаловите обиди на Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ да ги прикријат сериозните криминали на нивните функционери како оној во кој Сања Божиновска преку својата приватна фирма и останала должна на МЕПСО еден милион евра.

„Јанушев уште и должи одговор на јавноста во каков бизнис е со Панче Тошковски и да ја објави постапката во која тие двајцата се стекнале со убави станови од над 150 квадрати во центарот на градот во период кога беше актуелен скандалот со набавката на кинеските автобуси“, велат од СДСМ.

Д. М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ