• Latest

Јавен повик за ангажирање 40 образовни медијатори за поддршка на Роми

September 2, 2022

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Јавен повик за ангажирање 40 образовни медијатори за поддршка на Роми

September 2, 2022 18:11
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука за учебната 2022/2023 година ќе ангажира 40 образовни медијатори Роми во 29 општини во земјава, со цел да помогнат во подобрување на информираноста за можностите и пристапот до училиштата на ромската етничка заедница.

Како што е наведено во јавниот повик на МОН, улогата на образовниот медијатор е да одржува редовни средби за сензибилизирање на населението и вработените во основното училиште со спецификите и потребите на ранливите групи во делот на образованието, редовно да соработува со стручните соработници и наставниците за подобрување на постигањата на учениците, да презема активности за намалување на напуштањето на воспитно-образовниот процес на учениците.

Право да се пријават за образовни медијатори имаат лица од општини со поголем број ученици од ромската етничка заедница: Шуто Оризари, Чаир, Центар, Бутел, Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Илинден, Тетово, Гостивар, Кичево, Oхрид, Струга, Неготино, Дебар, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Велес, Градско, Кавадарци и Крива Паланка.

Кандидатот за образовен медијатор треба да работи со учениците, да соработува со училиштето, да работи и соработува со родителите/старателите и заедницата и да реализира редовни посети на терен и да работи со локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и други институции и организации.

За нивниот ангажман ќе добиваат хонорар во месечен износ од 18.000 денари бруто за период од три месеци во 2022 и седум месеци во 2023 година.

Рокот за пријавување на повикот за образовен медијатор е 12 септември. Кандидатите треба да се македонски државјани, да се невработени и припадници на ромската етничка заедница.

Критериуми за избор на образовни медијатори се тие да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование, да имаат комуникациски и компјутерски вештини (Microsoft Оffice), да бидат дел од заедницата во која ќе работат, да имаат искуство од работа на терен со ромската заедница, граѓанскиот сектор, локалното население, локалните институции и училиштата.

Во повикот на МОН се наведени предностите при селекција на кандидатите и потребните документи што тие до 12 септември треба да ги поднесат во Министерството за образование и наука, ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ