Во Клубот на пратеници денеска се одржа јавна дискусија за нацрт текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија, 2024-2026”.
Јавната дискусија започна со воведни од заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, Јетон Шаќири, министер за образование и наука, и Ана Чупеска, претставничка на академската заедница.
Јавната дискусија ја водеше Роберт Алаѓозовски, претседател на Координативното тело за изготвување на Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија.
На дискусијата учествуваа претставници од локалната власт, невладиниот сектор, претставници од образованието и собранието, ОБСЕ, како и надворешни набљудувачи.
На дискусијата учествуваше и ЦИВИЛ, како организација која постојано ја следи работата на координативното тело за интеркултурализам, и дава свој придонес со анализи, предлози и учество во работните групи.
Националната стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија е продолжеток на стратегијата „Едно општество за сите“, и ќе се имплементира од 2024, до 2026 година.
Д. Т.