• Latest

Е, долга е раката на ВМРО, Никола!

September 1, 2017
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Е, долга е раката на ВМРО, Никола!

September 1, 2017 11:06
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Што да кажам, што да пишувам… Одлични се контра аргументите од одредени портали, чии содржини се шеруваат низ 164 ботови (кои се платени по 18.000 МКД месечно) од  кујни кои нам ни се баш онака добро познати. Зар за сè што изнесовме овие месеци, за одговор имавте само плитки лаги?! Ова е сè што можете?!

Пишува: Александар Цезар Коневски

Пишувате: „Александар ( Цезар) Коневски , “деформатор” од групата на Алек и Перо Бунтур (со тел. ‎‎070 386…), се јавува по помлади луѓе од Скопје, Охрид, Велес, Куманово и со странски пари, за 1 час безгласно појавување на прес на Деформаторите, нуди: платен превоз, бесплатен ручек, 3.500 денари хонорар/дневница. (…) Александар „Цезар“ Коневски е инаку истакнат активист на невладините организации финансирани од Сорос и УСАИД. За него се смета дека е линкот помеѓу Александар Михајловски, Петар Богоевски и останатите „иницијатори“ од движењето деформатори и амбасадата на САД и УСАИД, од каде што, како што неофицијално дознаваме, добиваат и средства за финансирање на нивната кампања.“

Класична проституција. Треба да сфатат и сопственичката на порталот и момчето од Ѓорче Петров, а и младото момче од Лисиче дека реформите се незапирливи и дека е невозможно Никола Груевски и неговото раководство да ја сочуваат позицијата во партијата.

Реформите се најголемото раздвижување во ВМРО-ДПМНЕ после 2005 година, кога се боревме против застарената струја на Георгиевски, за да го донесеме потенцијалниот европски технократ Груевски, човекот кој ќе нè внесеше во НАТО и ЕУ за само еден негов мандат. (Какви будали испаднавме. Вардар не нè пере).

Од каде тоа дека сме давале по 3.500 МКД за присуство на прес-конференции? Колку и да ве боли тоа, луѓето се приклучуваат, зашто во РЕФОРМИТЕ препознаа нова енергија, препознаа спас за  заробената партијата. Нема шпиони, предавници, нема Сорос, нема УСАИД (иако добро би ни дошол некој денар), не мора да пеам по новинарски бендови (што и да значи тоа). Единствен факт за Реформите е дека ги започнаа осуммина (јас подоцна се приклучив) и „Шу напраивме?“ За само два месеци сме повеќе од 11.000, а секојдневно се приклучуваат по дваесетмина од цела Македонија.

Едноставно, членството си ја враќа партијата кон нејзините темели – демократска, европска, народна (НЕ мермерна)… Со Реформите, на сите им се докажува дека ВМРО-ДПМНЕ не е Груевски. Напротив, ВМРО е многу, многу повеќе. Членството на ВМРО-ДПМНЕ само ќе ја извојува оваа голема битка. На ВМРО не ѝ требаат Чадори (никогаш не сфатив што значи тоа). ВМРО си ја има својата легендарна РАКА а таа е долга. Да, Никола, долга е раката на ВМРО!

Какви ли сте Вие ликови да критикувате пријателство со Џабир Дерала? Јас не сум другарче на Џабир Дерала. Напротив ние сме ДРУГАРЧИШТА, повеќе од 25 години. Жал ми е што, од кога го знам, изложен е на напади. Но, кој му е крив? Избрал да биде објективен и да не зазема страна за време на македонската транзиција. Е, тоа е цената другар Џабир. Можеби за 25 години ќе добиеш и некоја статуетка…

А кај се твоите пријатели, Никола? За еден твој знам што го снајде, оној пријателот, во чиј дом беше одлучено дека ти си идниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Поради неговата слободоумна, граѓанска мисла, онака „мангупски“ го спакувавте, три месеци да си одлежи во Шутка. Но, човекот навистина мангупски издржа и оп! Еве го, со нас е во Тимот! Заедно илјадници членови кои секој ден се приклучуваат. За да можам слободно да завршам со клишето – РЕФОРМИТЕ ЌЕ ПОБЕДАТ!

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕНикола Груевскиреформаториреформи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ