Египетскиот претседател Абдел Фатах Ас Сиси нареди да биде отворен граничниот пункт со Појасот Газа за време на целиот свет месец Рамазан.
Граничниот пункт „Рафах“ со палестинската територија повеќето време е затворен и ова ќе биде негово најдолго отворање со години.
Сиси на Твитер напиша дека ја донел оваа одлука за да „го олесни бремето за браќата во Газа“.
Египет ја затвори границата откако во 2013 година зачестија нападите против египетските безбедносни сили. (МИА)