• Latest

Еколозите го заштитија Езерото!

March 9, 2017
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Еколозите го заштитија Езерото!

March 9, 2017 12:05
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) и Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), доставија известувања со кои се бара Општина Охрид да го поништи одобрението за градба на хотел во туристичката населба „Лагадин“ на самиот брег на Охридското Езеро.

Одлуката за градбата на хотел во реон што е заштитен од УНЕСКО, беше оспорувана во повеќе наврати од меѓународни експерти, а постоеше опасност поради неа, Охридското Езеро да ја загуби заштитата од УНЕСКО.

Во известувањето што го испрати ДИГУ до граѓанската иницијатива „Охрид СОС“, е наведено дека од Општина Охрид се бара да го поништи незаконски издаденото одобрение за градба.

Во известувањето од ДИЖС се вели дека Општината го усвоила Општиот акт за Лагадин, прекршувајќи ја својата законска обврска да спроведе оцена на влијание врз животната средина!

„Инспекторатот за животна средина ги потврди и нашите констатации дека објектот не смее да се гради на помалку од 50 метри од највисокиот водостој на езерото“, велат од „Охрид СОС“.

„Овде секако вреди да се спомене и информацијата што отсуствува во известувањето, а тоа е дека при носењето на тој акт, Општината им го попречила пристапот до правда на сопствениците на имоти во Лагадин, усвојувајќи јавен документ за кој не се одржала јавна расправа каде што би се чуле гласот и мислењето на засегнатите граѓани“, дополнуваат од граѓанската иницијатива.

Инспекцискиот совет на Република Македонија известува дека поради комплексната природа на случајот и многуте прекршени закони, постапката е сè уште во тек.

Од „Охрид СОС“, очекуваат правдата конечно да победи и во најскоро време да добијат решение и од Инспекцискиот совет.

Како одговор на ова, од Општина Охрид велат:

„Во врска со определени соопштенијата што се појавија во некои медиуми, а се однесуваат на донесувањето на Општиот акт за Лагадин и издаденото одобрение за градба на хотелски комплекс во населба Лагадин, Општина Охрид во целост останува на искажаните ставови од прес-конференцијата одржана на ден 27-ми декември минатата година, каде на јавноста и беа презентирани сите документи кои се составен дел од постапката“.

Изградбата на хотелски комплекс во Лагадин не е единствената одлука на Општина Охрид и на ВМРО- ДПМПНЕ, која го загрозува Охридското Езеро. Тие ветија експресен пат Охрид-Пештани и изградба на марина.

Во разговор за ЦИВИЛ Медиа, Драгана Велковска од „Охрид СОС“, истакна:

„Експресниот пат низ срцето на Галичица е најкриминалната идеја што му се закалнила од осамостојувањето на Македонија на Националниот парк! Тој ‘проект’ е целосно неоправдан економски, зашто ќе го наруши природното движење на туристите што сега се качуваат на планината, со што ќе создаде вештачка бариера и ќе ги одврати планинарите и туристите. Исто така, идејата за марината, презентирана од ВМРО-ДПМНЕ е погубна за езеро, со вредности какви што има Охридското Езеро“.

М. Теговска

Tags: Лагадинопштина ОхридОхрид SOSУНЕСКО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ