Македонската економија помеѓу визија и дилема: предизвици на економските политики е тема на економскиот форум што денеска ќе се одржи во Скопје.
Организатор на форумот е Finance Think на кој на отворањето е најавено обраќање на амбасадорот на Обединетото Кралство Чарлс Гарет, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски, директорот во Канцеларијата на Светска банка во Македонија Марко Мантованели и резидентниот претставник во Македонија на ММФ Себастиан Соса.
Извор: МИА