Владата го избрала Лазар Еленовски, за специјален претставник за НАТО интеграции во Брисел, поради неговото искуство во оваа област.
– Сметаме дека Еленовски, врз основа на искуството што го поседува, ќе придонесе во интегративниот процес на РМ во НАТО, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Еленовски како специјален претставник на Владата за НАТО интеграции во Брисел беше избран на вчерашната седница на Владата.
На седницата беа отповикани и неколку почесни конзули на Република Македонија – Ричард Голдман, Џејсон Мико, Томас Танеф, Ендру Димитри Пејкоф, Лоу Влашо.
– Владата ги отповика овие почесни конзули поради исклучителна неактивност, рече Бошњаковски.
Почесен конзул е функција за која лицата не добиваат никаков надомест од државата која ја престатвуваат.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.