• Latest

Ердан: Ердоган е антисеминист, Израел треба да дејствува против Турција

April 2, 2018
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ердан: Ердоган е антисеминист, Израел треба да дејствува против Турција

April 2, 2018 12:56
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Израелскиот министер за јавна безбедност Гилад Ердан го нарече претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган „антисемитист“.

„Антисемитистот Ердоган продолжува да го поддржува Хамас“, изјави Ердан за израелското воено радио.

Тој изрази жалење што во 2016 година гласал за договорот нормализација на билатералните односи, кои беа нарушени во 2010 година кога израелски командоси упадна на брод, што превезуваше помош за Појасот Газа и убија десет турски пропалестински активисти. Договорот за нормализација во повеќе наврати е прекршен.

Ердан изјави и дека Израел треба да дејствува против Турција „во меѓународната арена и Анкара треба да го признае геноцидот над Ерменците, што го изврши Отоманската империја“. Тој исто така посочи дека Турција е „земја каде се убиваат Курдите и се држи под окупација Северен Кипар, а на Запад е прифатена како легитимна држава“.

„Мораме да се спротиставиме на непријателството и антисемитизмот на Ердоган. Секјој кој го држи под окупација Северен Ирак, ги напаѓа Курдите, масакрира цивили во Африн, не би требало да не учи на моралност и вредност“, посочи Ердан.

Изјавата на израелскиот министер за јавна безбедност е уште една во низата обвинувања помеѓу израелските и турските претставници.

Ердоган вчера го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека е „терорист“, а Израел терористичка држава.

– Еј, Нетанјаху, Вие сте окупатор и како окупатор сте на тие територии и во исто време сте терорист, изјави Ердоган пред приврзаниците во Адана. Не е потребно да му кажам на светот колку е сурова војската на Израел. Можеме да видиме што прави терористичка држава, ако ја набљудуваме ситуацијата во Газа и во Ерусалим, посочи Ердоган, додавајќи оти Израел изврши масакр во Газа.

Нетанјаху, претходно го нападна Ердоган поради неговите критики на израелскиот одговор на масовните протести на Палестинците на границата на Појасот Газа.

„На најморалната армија на светот нема да му држи лекции некој, кој со години бомбардира цивилно население“, наведе Нетанјаху.

Ердоган и во саботата остро ја осуди израелската Влада за нејзиниот „нехуман напад“, алудирајќи на убиството на 15 палестински демонстранти во петокот на границата на Појасот Газа со Израел.

„Израел ќе ги стави Палестинците во затвор со своето угнетување. Ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина“, наведе Ердоган.

Десетици илјади Палестинци во петокот во Појасот Газа почнаа шестнделен протест со барање да им се дозволи на палестинските бегалци да се вратат во Израел. Тие поставија десетици шатори на пет локации долж границата со Израел. Организатор на протестот е Хамас. Но, протестот набрзо прерасна во насилство, кое беше осудено од генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, кој побара независна истрага. И шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини побара да се спроведе истрага за употребата на боева муниција за време на палестинските демонстрации.


извор: МИА

Tags: Гилад ЕрданЕрдоганИзраел Турција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ