„Европската Унија е многу згодна и среќна рамка со која се обезбедува некаква државна сигурност. Бидејќи ако сте член на ЕУ, тогаш нема да ве нападне Русија на чело со Путин“ рече Миљенко Јерговиќ еден од најпознатите писатели од поранешните ју простори во интервју за „Трн“.
Тој додаде дека сепак националните култури со ЕУ не би можеле нешто да добијат или да изгубат, бидејќи зависат од тоа колку се живи и активни сами по себе.
„Националната култура зависи од тоа колку е жива сама по себе, а не од тоа каде сте членки. Ако ви умира јазикот, ако не пишуваат писателите тогаш не може ни да ви помогне ни да ви одмогне ЕУ“ рече Јерговиќ.
„Моите книги се преведени во некои многу оддалечени култури од нашите и секогаш многу се изненадувам кога гледам дека на некој многу далеку му е разбирливо тоа што јас го пишувам.
Истата таа работа би можела да се каже за таканаречените нови генерации кај нас, ама од друга страна постои некоја универална емоција или искуство или универзално раскажување, бидејќи ако разбираат што се случува кај античките богови и херои, тогаш и ова би им било разбирливо, само две генерации наназад“ вели Јерговиќ.