• Latest

Ерусалим – град за сите?

December 26, 2017
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Два руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори

October 23, 2025

Зеленски ја повика ЕУ да ги ослободи замрзнатите руски пари за одбрана на Украина

October 23, 2025

Самит на ЕУ: Зајакнување на европската одбранбена индустрија, зголемување на инвестициите во заеднички развој, производство и набавка за потребите на одбраната

October 23, 2025
Фотгорафија: Влада на РСМ

Мицкоски: Нема предвремени избори, не ги посакувам и сметам дека се непотребни

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ѓорѓиевски и Лабудовиќ го чистат Скопје; Димитриевски ветува паркинг и парк на иста локација; Милосим Војнески, кадидат за градоначалник во Македонски Брод се повлекува од изборната трка

October 23, 2025
screenshot-X-EP

Што содржи најострата резолуција за Србија досега усвоена од Европскиот парламент 

October 23, 2025

Пукал од БМВ додека одел на свадба во Желино – полицијата го уапси кога се пофалил на социјалните мрежи!

October 23, 2025
Фото: wikimedia commons

Амбасадорката Дир: САД воведоа санкции против енергетскиот сектор на Русија, дизајнирани да го зголемат притисокот за постигнување вистински мир

October 23, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ерусалим – град за сите?

December 26, 2017 12:34
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

На 6 декември 2017 година, претседателот на САД, Доналд Трамп донесе одлука за признавање на Ерусалим за главен град на државата Израел. Тоа ги поткопа мировните преговори меѓу Палестина и Израел за решението за две држави, каде Ерусалим би бил главен град на двете држави. Решение кое е поддржано од поголемиот број земји во светот, и од Европската Унија, која пак е и најголемиот донатор на администрацијата на палестинските власти.

пишува: Јасмин Реџепи

Од историјата на Ерусалим, треба да знаеме дека по прогласувањето на државата Израел на територија на британската колонија Палестина во 1948 година и во војните што следуваат подоцна, Ерусалим е поделен на два дела. Западен Ерусалим е населен претежно со евреи, а Источен Ерусалим претежно со Палестинци. По војната во 1967 година, Источен Ерусалим е окупиран од страна на Израел и прогласен за единствен град на Израел, што Обединетите Нации никогаш не го признале и го нарекле град под окупација.

За решавање на палестинското прашање, постојат различни идеи. Од таа дека Израел треба да се укине и дека треба да се воспостави една држава – Палестина, до обратното кое што се спроведува во моментов, колонизирање на целата територија на Палестина и прогласување на Израел со границите на окупираните палестински територии. Во средината се наоѓаат уште две теории. Едната, прогласување и дефинирање на две држави, Палестина и Израел, една покрај друга, со јасни дефинирани граници и без еврејските колонии на окупираниот Западен Брег, со коридор за комуникација со Појасот Газа. Солуција признаена и поддржана од ОН и ЕУ. Втората е создавање граѓанска држава, која нема да е ни Палестина ни Израел, и би била во функција на сите граѓани без разлика на нивната етничка и верска припадност. Оваа солуција за сега изгледа тешко остварлива и еврејските националисти или ционисти кои владеат со Израел силно се противат, зашто тоа подразбра враќање на палестинските бегалци во своите огништа и дислоцирање на илегалните доселенички населби, со што бројот на Палестинци во државата би бил еднаков или поголем од бројот на доселените евреи. Од друга страна ниту палестинските националисти не се за ова решение. Впрочем, разбирлива е недовербата на Палестинците да живеат во иста држава со тие што ги протерале од нивните огништа пред седумдесет години, и кои ден денес спроведуваат окупација и одземање на преостанатата палестинска територија.

Колку за илустрација, да го анализираме владеењето на Израел во Ерусалим. Во Ерусалим живеат 62% израелски евреи, а 37% Палестинци. Израелските евреи по раѓање добиваат израелско државјанство, а Палестинците само дозвола за престој, иако семејствата живеат со генерации во тој град. Буџетот е 93% за евреите, а 7% за Палестинците. Територијата на градот е поделена на 87% за еврејските објекти, а 13% за палестински. Дозволи за градба се дават 93% на израелските евреи, а 7% на Палестинците. Како резултат на ова, на Палестинците им недостигаат 43 000 станбени единици. Ерусалим е колонизиран, со што бројот на доселени израелски евреи е над 200 000, а на Палестинците им се одземени над 14 000 дозволи за престој. 10 000 палестински деца се без извод од матична книга на раѓање. Оваа статистика јасно говори за дискриминацијата на Палестинците од страна на Израел, и дека тие се третираат како граѓани од втор ред, па оттука и недовербата за живот во една држава.

Сепак, Ерусалим или Кудс, како што го нарекуваат Арапите, има и пошироко значење во светски рамки. Ерусалим е духовниот главен град на трите абрахамски религии чии припадници доминираат со светот. Тој град е пресекот на множествата кој треба да зближува и обединува, а не да разделува или да се присвојува. Тој град е еднакво свет во јудаизмот, христијанството и исламот. Еднакво свет за сите нас. Тој град не може да припаѓа на едно племе или на една држава воспоставена на крв и геноцид, која ја негира светоста на другите. За тој град низ историјата се воделе војни од безумни верски фанатички лидери, но и во иднина ќе се водат доколку не се најде соодветно решение. Тој град е клучот за стабилноста во светот, но и клучот за крајот на светот. За да се спречи тоа што се прави во однос на промената на демогрфаијата, на слободата за движење и на уништувањето на историските белези на еден од најстарите градови во светот, мој став е дека што побрзо ОН и Советот за Безбедност треба да донесат итна резолуција за ставање на Ерусалим под меѓународен протекторат, се` до решавање на израелско-палестинскиот спор. Аргумент за овој став е и одлуката на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, да се повлечат од УНЕСКО, со што сакаат никој да не им се попречува на патот на демолирање и реобликување на овој град. Со тоа се загрозува мултиконфесионалниот и мултиетничкиот идентитет на овој град.

Со гласањето на разолуцијата на Обединетите Нации за повлекувањето на одлуката на САД за прогласување на Ерусалим за главен град на Израел, светот се обедини за спасување на овој град, освен мал број земји, кои не ги засега вистината, правдата и мирот во светот. Јас сум посебно горд што за прв пат по долго време нашата делегација во ОН гласаше разумно и праведно, како што гласаа и нашите соседи, и поголемиот дел од земјите на Европската Унија. Заканата на САД не треба да се гледа толку трагично, посебно кога нашава земја се врати на колосекот на Евро-Атлантските интеграции и покажува исклучителен напредок во тој правец. Иако оваа резолуција, за жал, нема обврзувачки карактер, сепак преставува историски доказ за правилното позиционирање на Македонија кон ова прашање. Се надевам и дека МНР ќе излезе со предлог за воспоставување на дипломатски односи со палестинските власти, па и со признавање на Палестинската држава, како наследна политика од поранешната СФРЈ, но и следејќи го примерот на соседните земји членки на ЕУ, како на пример Грција која пред две години официјално ја призна Палестина.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Доналд ТрампЕрусалимИзраелПалестинаСАД
Share115Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    184 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ