• Latest

ЕУ може да стане „фискална“ унија по моделот на СФРЈ

November 14, 2017

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕУ може да стане „фискална“ унија по моделот на СФРЈ

November 14, 2017 10:20
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

ЕУ и еврозоната се наоѓаат пред слични дилеми како поранешна Југославија на почетокот од 90-те години, барем кога станува збор за натамошно изедначување на даночните системи во земјите-членки, јавува МИА. 

Тоа го оцени еден од најпознатите словенечки економисти, академик Јоже Менцингер.

„Ќе стане ли ЕУ финансиска унија? Јас тука гледам три можни сценарија, по примерот на оние од поранешна Југославија“, изјави Менцингер на конференција за даноци одржана во Загреб.

Првото сценарио, „конфедерален“ модел, подразбира целосна фискална децентрализација, во која фискалната политика останува во надлежност на земјите-членки.

Вториот модел значи склучување фискален пакт, како што е моментната ситуација, кога членките само мал дел од своите приходи ги вложуваат во заедничката ЕУ каса.

Третиот модел е фискална унија, во која членките добар дел од своите фискални приходи му го препуштаат на заедничкиот буџет на Унијата. Тоа во суштина би бил „федерален“ модел, каков што постоел во СФРЈ.

Анализите, кои ги направил Менцингер за еврозоната и ЕУ, покажуваат дека таквиот „југословенски“ модел би значел откажување на богатите членки од големите приходи, кои ги собираат во корист на заедничкиот буџет, а тие средства потоа би се трансферирале и во послабо развиените членки.

Поедноставно кажано, побогатите членки на ЕУ со тоа, барем на прв поглед, би биле во загуба, а посиромашните во добивка. Но, на побогатите тоа би им се вратило преку зголемување на стандардот во послабо развиените членки, па на крајот и тие би биле во плус.

Хрватската европратеничка Ивана Малетиќ предупреди дека тешко може да се зборува за фискална унија додека дел од членките на ЕУ се надвор од еврозоната и додека не се постигне поголем степен на монетарна интеграција. Според неа, потребно е да се поработи на намалување на разликите во степенот на развиеност меѓу членките.

„Во спротивно ќе имаме натамошни поделби внатре во ЕУ“, истакна Малетиќ.

Таа нагласи дека главни теми во даночната политика на ЕУ моментно се борбата против даночните измами, како и поставување ред во работењето со даночните оази.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Европска УнијаСојузна Федеративна Република Југославија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ