• Latest

ЈО: Поддршка од Словенија во спроведување на финансиските истраги

January 4, 2024

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ЈО: Поддршка од Словенија во спроведување на финансиските истраги

January 4, 2024 14:05
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Со серија консултации и работилници кои се одржаа во периодот од 18 до 23 декември во Скопје и Дојран се заокружија активностите за 2023 година во рамките на проектот „Поддршка за Поглавјето 24 – Финансиски истраги“, кои овозможуваат размена на најдобри практики меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија, взаемни обуки и јакнење на капацитетите кои придонесуваат за развој на процедурите за борба против организиран криминал и корупција, со посебен акцент на спроведувањето на финансиските истраги. Овие активности се финансирани од словенечкото Министерство за надворешни и европски прашања преку Меѓународната програма за развојна соработка, а во нивната имплементација се вклучени Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи и полицијата на Република Словенија, соопштија од ЈО.

На консултациите кои се одржаа во Основното јавно обвинителство Скопје учествуваа и претставници на Царинската управа и на Министерството за внатрешни работи. На нив, заедно со јавен обвинител од Специјализираното јавно обвинителство на Република Словенија, експерт за економски, даночен и криминал во јавниот сектор од словенечкиот Директорат за криминалистичка полиција, како и словенечки експерт за проценка и пресметка незаконски стекнат имот, беа разгледани конкретни прашања со кои се соочуваат македонските јавни обвинители и истражни органи во тековните финансиски истраги. Консултациите овозможија длабинска анализа и разработка на можностите за успешна реализација на започнатите финансиски истраги со цел конфискација на незаконски стекнатиот имот.

На работилницата во Дојран присуствуваа претставници на Јавното обвинителство, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за внатрешни работи кои во рамките на овој проект веќе беа вклучени во подготовката на Стандардни оперативни процедури за финансиски истраги за македонските институции. Со словенечките колеги тие разговараа за начините на кои можат да придонесат за развој и унапредување на системот за финансиски истраги во земјава, преку искористување на искуството и знаењето во оваа област, постојано усовршување, меѓуинституционалната соработка и развој на тимскиот пристап во работата.

Проектот „Поддршка за Поглавјето 24 – Финансиски истраги“ кој се реализира со поддршка од Република Словенија е исклучително важен за Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и за останатите институции во нашата земја вклучени во спроведување на финансиските истраги. Овој проект, во рамките на кој се планирани активности и во текот на 2024 година, значително влијае на зголемување на брзината и ефикасноста на финансиските истраги кои ги спроведуваат македонските институции.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ