Јордановска, ЦИВИЛ: Најголемиот проблем кога станува збор за избирачките процеси во Република Македонија, во овој случај кога станува збор за референдумскиот процес, е Избирачкиот список.
Искуството на ЦИВИЛ покажува дека Избирачкиот список никако не може да си го најде својот ред и секогаш се наоѓа во некоја хаотична состојба. За потсетување, на 9 август кога се стави на увид Избирачкиот список бројот на впишани граѓани беше 1.805.700 гласачи. Избирачкиот список се затвори на 23 август и Државната изборна комисија беше должна до 7 септември да донесе одлука и да го заклучи избирачкиот список и таа тоа го направи во предвидениот рок.
Меѓутоа, како стојат бројките сега? Според одлуката на ДИК заклучениот избирачки список брои вкупно 1.806.336 гласачи, од кои само на територија на Република Македонија право на глас имаат 1.725.913 гласачи. Апелот на ЦИВИЛ и бурната реакција тогаш беше дека оваа бројка е нереална и дека соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Државната изборна комисија нема да функционира со вкрстените проверки и дека повторно на сцена ќе настапат фантомските гласачи, повторно ќе се појават починати лица и спорни гласачи. Огромниот број на пријави коишто стигнаа на адресата на ЦИВИЛ токму тоа и го потврди.
Очекувањата беа дека оваа бројка драстично ќе се намали, а не да се зголемува.
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Владо Крстевски
Фотографија: Џабир Дерала
Содржината е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“.