„Местото на јавниот обвинител нe e да учествува во политичките разговори за носењето на Законот за ЈО“, смета Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, пренесува Телма.
„Доколку се отвори стручна расправа по предлог Законот за јавното обвинителство, ако бидам повикан ќе учествувам во расправата и ќе го искажам своето стручно мисљење изградено во текот на моето работење во судството и обвинителството. Во делот за политички разговори во постапката за донесување на Законот, на јавниот обвинител на Република Северна Македонија не му е местото да учествува во вакви расправи, рече Јовески.