• Latest

Јовева, прва пратеничка со македонско потекло во ЕП: Во Брисел владее оптимизам за датумот

September 27, 2019
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Јовева, прва пратеничка со македонско потекло во ЕП: Во Брисел владее оптимизам за датумот

September 27, 2019 12:24
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Франција не е априори против влезот во Европската унија на државите кои ги исполнувата критериумите. Париз не се противи, но таму фокусот во моментов го става на реформите на самата Унија.

Ова во интервју за МИА го порача европратеничката од Словенија, Ирена Јовева, која е  прва пратеничка со македонско потекло во Европскиот Парламент. Таа вчера беше избрана за прва потпретседателка на делегацијата помеѓу ЕУ и Северна Македонија.

Во интервју за МИА, таа говори за нејзините очекувања за нашата земја во октомври како и во наредните пет години и изразува оптимизам дека кон средината на следниот месец Европскиот совет ќе одреди датум за почеток на преговорите, нагласувајќи оти тој оптимизам е мошне видлив во Брисел.

Како единствена пратеничка со македонско потекло во овој мандат на Европскиот Парламент и член на делегацијата ЕУ-Северна Македонија, кои се вашите желби или амбиции за земјата во наредните пет години?

Јас сум родена во Словенија со македонско потекло и горда сум и на Словенија и на Северна Македонија. Мојата прва желба е сега Северна Македонија да добие зелено светло за да почнат преговорите, сите знаеме дека ќе биде долг пат, сигурно нема во наредните пет години да стапи во ЕУ, прво што треба за луѓето е некаков позитивен сигнал и мојата желба е сега да се добие тоа зелено светло и да се оди напред.

Дали мислите дека е изводливо сега на 15-ти октомври да се добие тоа зелено светло, кои се вашите информации?

Мислам дека да, по ходниците ако можам така да кажам, се зборува со оптимизам, барем за Северна Македонија, сега очекувам дека ќе се даде зелено светло и дека ќе се почне да се оди напред.

Мислите дека ќе се одвои од Албанија?

Има различни информации, има сценарија според кои ќе се одвојат на крајот, не знам што ќе се случи.

Бидејќи сте дел од групата на Либералите каде членува и партијата на претседателот Макрон, а знаеме дека Франција е еден од противниците, какво е расположението кај вашите француски сопартијци околу преговорите?

Не знам дали можам да кажам дека се баш противници, колку што гледам од разговорите со нив, дали е затоа што разговараат со мене, но немам чувство дека се баш против, само сакаат ЕУ да се реформира и после тоа да почне да се проширува, но тоа не значи дека тие не се за да влезат тие држави што ги исполнуваат критериумите, но тоа е сѐ, тие не се априори против.

А дали се против датумот во октомври?

Порезервирани во смисла не сакаат јавно да расправаат околу тоа, но јас мислам на крајот Макрон – ќе биде сѐ во ред.

Доколку нема датум, или повторно биде одложен, мислите ли дека постои ризик Северна Македонија да се оддалечи од европските цели?

Да, јас мислам дека веќе неколку години постои тој ризик, сега само може да се продлабочи бидејќи луѓето, и кога разговарам со мојата фамилија, се многу разочарани, навистина заслужуваат нешто да добијат да има некаква надеж, да се почне. И мислам дека ЕУ толку време, ако ветиш нешто и ако една држава го направи сето тоа, го смени името, мислам дека нема никаква причина да не се почне. Секако дека се тука и реформите, не е сѐ перфектно, но треба да се почне.

Во однос на внатрешната ситуација и на реформите, кои би биле вашите главни забелешки кон Македонија во овој момент?

Најактуелната афера ја знаеме сите, за жал. Иако сега е малку смирена работата и тука во Брисел, во ЕУ нема голема причина да кажат дека нема да има ништо во октомври, но секако е некаков доказ дека Северна Македонија има уште многу, многу работа со реформите.

Претпоставувам дека се однесува на законот за јавно обвинителство… бидејќи преговорите се закочени меѓу власта и опозицијата и дека има ризик да не биде изгласан законот до 15-ти, дали велите дека тоа нема да спречи позитивна одлука?

Треба опозицијата и власта да бидат согласни. Тоа ќе биде најголем сигнал, иако не е сѐ во ред со законот, тоа ќе биде знак, да не бидат скарани, дали е тоа можно не сум сигурна но тоа би било најдобро.

А ако не?

Не знам, подобро да не збориме за тоа сценарио, да бидеме оптимисти и да кажеме дека ќе биде сѐ во ред.

Последно прашање, кои се вашите планови за време на вашиот мандат, некакви иницијативи во однос на Северна Македонија?

Прво да кажам мојата примарна цел, мојата примарна држава и интереси се Словенија. А за Северна Македонија јас секако кога ќе проценам дека можам да помогнам ќе помогнам, еве сега формираме група Пријатели на Северна Македонија со други европратеници, јас ќе бидам во делегацијата со Северна Македонија, ќе бидам прва потпретседателка и ќе почнеме сигурно, и не само за Северна Македонија туку за Западниот Балкан, тука има многу негативна конотација кога ќе се спомне Балканот, сакам да се смени тоа, не е сѐ негативно, сакам добрите работи што се од „долу“ да ги донесам тука и да видат луѓето дека не е сѐ така лошо.

извор: МИА

Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ