• Latest
Фото: Принтскрин

Јулија Навални – мета на дезинформации по смртта на нејзиниот сопруг

March 3, 2024

ФОБИЈА ИЛИ НАРАТИВ: Зошто некои македонски медиуми не кажуваат дека соборените дронови во Полска се руски

September 11, 2025

Азизи: ДУИ платиле насилници да тепаат млади Албанци и да ја запалат џамијата во Попова Шапка – АА бара истрага од Обвинителството: ВЛЕН си играат со оган и меѓурелигиска омраза

September 11, 2025

РЕАКЦИИ: Обоени таблички – вистинска реформа или забава за народ?

September 11, 2025

Од „бастион“ на ДУИ, до „Чаир на Изет“

September 11, 2025

Ангелов: „Вардариште“ го чува агенција за обезбедување, по изборите Владата и новиот скопски градоначалник ќе се зафатат со трајно решение за депониите

September 11, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против три лица за дивите депонии во „Вардариште“

September 11, 2025

Судскиот совет нема да постапува за време на локалните избори

September 11, 2025

Фетаи ќе раководи со новоформираниот Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот

September 11, 2025

Новите правила за влез во ЕУ почнуваат од 12 октомври, ќе важат и за македонските државјани

September 11, 2025
фото: Државен инспекторат за животна средина

Дождот не го запре чадењето од Дрисла, пожарот ќе се затрупува со земја

September 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Јулија Навални – мета на дезинформации по смртта на нејзиниот сопруг

Фотографијата на која се гледа Јулија Навални на плажа со маж, е од 2021 година. Со „обратно пребарување“, пронајдовме дека станува збор за Евгениј Чичваркин, руски милионер кој живее во егзил во Велика Британија, а фотографијата првпат е објавена на 17 август 2021 година на Инстаграм, значи пред смртта на Навални

March 3, 2024 17:20
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, СВЕТ
Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Share on FacebookShare on Twitter

Не постои ниту еден релевантен извор од кој произлегува дека Јулија Навални била обвинета за „нов љубовник“. Фотографијата на која се гледа Јулија Навални на плажа со некој маж, е од 2021 година. Со обратно пребарување, пронајдовме дека станува збор за Евгениј Чичваркин, руски милионер кој живее во егзил во Велика Британија, а фотографијата првпат е објавена на 17 август 2021 година на Инстаграм, значи пред смртта на Навални. Чичваркин е поддржувач на Навални и според „Тајм“ магазинот, тој од 2010 година му донирал повеќе од 100 илјади долари за да ја поддржи битката против Путин, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава (и овде) на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува текст со наслов:

Свекрвата веќе ја обвини: Дали е ова љубовникот на Јулија Навални?

Во текстот се тврди дека „семејството на Алексеј Навални почнало да се кара, а тој уште не е погребан“ и дека „мајката на Алексеј ја обвинила снаата Јулија Навални дека има љубовник“.

Се цитира и наводна изјава на мајката на Алексен Навални во која таа ја обвинува својата снаа, Јулија Навални:

Таа го казни со тоа што го натера да се врати во Русија. Сега е со друг човек и срамно профитира од неговата смрт.

Во склоп на текстот се споделува и фотографија на Јулија Навални со наводниот љубовник, за кој се посочува дека е Евгениј Александрович Чичваркин, педесетгодишен руски милионер кој ја основал компанијата за мобилни телефони „Еуросет“.

Никаде на интернет не може да се пронајде дека мајката на Навални навистина дала ваква изјава, а фотографијата која е презентирана во објавата е од 2021 година, речиси три години пред смртта на Навални. Со обратно пребарување, пронајдовме  фотографијата првпат е објавена на 17 август 2021 година на Инстаграм,  а на неа е навистина Евгениј Чичваркин, руски милионер кој живее во егзил во Велика Британија.

Со првата дама на прекрасната Русија на иднината, Јулија Навални, ослободете го Навални, се вели во описот на објавата за која е наведено дека е од Јурмала, град во Латвија.

Чичваркин е коосновач и поранешен сопственик на „Еуросет“, првиот дистрибутер на мобилни телефони во Русија. Тој избега во Британија во 2008 година по продажбата на неговата компанија. Сега тој е трговец со вино и жесток противник на Путин. „Тајм“ магазинот извести дека Чичваркин од 2010 година му донирал на Навални повеќе од 100 илјади долари за да ја поддржи битката против Путин.

Фотографијата со Јулија Навални предизвика внимание кога првпат беше објавена во 2021 година. Чичваркин тогаш ја потврди автентичноста на фотографијата и се шегуваше за радио станицата „Ехо на Москва“.

Луѓето се љубоморни: тие исто така би сакале да шетаат покрај море со Јулија Навални – убава, силна, потенцијална прва дама, со убави долги нозе и исти убави мисли.  Луѓето се само љубоморни и не можат да си помогнат.

Јурмала уште не е преземена од Талибанците и таму може да се шетате со мажена жена. Веројатно можете да претпоставите дека таму не бевме сами,

рече Чичваркин во 2021.

Како што пишуваат и проверувачите на факти на „Франс Прес“ вдовицата на Алексеј Навални, Јулија е мета на дезинформации по смртта на нејзиниот сопруг. Вдовицата на проминентниот руски опозициски лидер Алексеј Навални, вети дека ќе ја продолжи битката на нејзиниот сопруг против претседателот на Русија, Владимир Путин. Алексеј Навални почина во затвор.
На повеќе профили на социјалните мрежи се објавува фотографија од Јулија Навални со друг маж за да се претстави дека таа ‘продолжила со животот понатаму’, но фотографијата е од 2021 година, пишува „Франс Прес“.

Смртта на Навални ја остави руската опозиција без челник во време на интензивна репресија и кампања која Москва ја спроведува во врска со воената инвазија врз Украина. Многу западни лидери ја обвинија Москва за неговата смрт, а САД планира да воспостави нови санкции. 

Најпроминентниот критичар на Кремљ, Алексеј Навални беше затворен откако се врати во Русија на почетокот на 2021 година, во влошена здравствена состојба  после сериозно труење со Новичок – воен нервен агенс, развиен од поранешниот Советски Сојуз.

По неговата смрт неговата сопруга Јулија на 19 февруари вети дека ќе продолжи со неговата работа.

Во видеопорака таа го обвини Путин за убиство на нејзиниот сопруг, трвдејќи дека нејзиниот тим ќе ги обелодени вистинските околности и сторители на „злосторството“. Со глас полн емоции, Навални повика поддржувачите да ѝ се придружат:

Сите мора да се обединиме во една силна тупаница и да ја искористиме да удриме по овој разулавен режим, рече таа.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков ги отфрли обвинувањата од Јулија Навални дека Путин го убил нејзиниот сопруг како „непоткрепени и вулгарни“.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита. Не постои ниту еден релевантен извор од кој произлегува дека Јулија Навални била обвинета за „нов љубовник“, а фотографијата што се споделува е од пред смртта на Алексеј Навални, од 2021 година.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дезинформацииЈулија Навални
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ