• Latest

Јуни е фокусот на Скопје за одмрзнување на поддршката од Софија

May 31, 2021
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јуни е фокусот на Скопје за одмрзнување на поддршката од Софија

May 31, 2021 09:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јунскиот самит на лидерите на земјите членки на ЕУ е фокусот на дипломатските и политичките напори на Скопје да обезбеди поддршка од Софија за одржување на првата меѓувладина конференција и формален старт на пристапните преговори. Во прилог одат и заедничкото патување и посета на Рим и Ватикан на претседателите на двете земји Стево Пендаровски и Румен Радев минатата недела, како и најавените погранични средби кои оваа седмица треба да ги одржат премиерите и министрите за надворешни работи во контекст на бугарска донација за вакцини против Ковид-19.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи очекува во наредните денови да има таква средба и на ниво на премиери и на ниво на министри со цел да се договори една динамика да може да се адресираат прашањата коишто ја засегаат бугарската страна, а се во рамки и на предлогот на Португалското претседателство. Тој останува на ставот дека јуни ќе биде клучен за процесот, независно што, вели, не сака да ги подига очекувањата на граѓаните.

– Тоа е комплексен процес којшто не зависи веќе од нас. Нашето е до исполнување на критериумите. Критериумите се исполнети сега очигледно процесот зависи од многу динамики во земјите членки, но нашиот ментален пристап, нашиот работен пристап е да работиме за јуни како да е единствена шанса за изнаоѓање на решение, иако имам лично чувство дека во наредните две години, јуни е најдобрата шанса. Овие две недели ќе имаме контакти на политичко ниво, потоа на дипломатско ниво, да се обидеме да ги адресираме прашањата коишто се појавија како пречка во овој период, образложи Османи.

Околу тековните контакти со Бугарија, смета оти главна тема не се идентитетските прашања, туку е патоказот којшто ќе создаде предвидливост во имплеметацијата за Договорот за пријателство, кој што вели за нас е прифатливо решение.

– Патоказот е за нас прифатливо решение кое што ќе ја создаде таа предвидливост. Сме го разговарале тој акциски план во неколку наврати во делот на секторската соработка, меѓутоа мислам дека е повеќе обврска на земјите-членки да кажат каде ќе биде ставен тој патоказ и дали ќе го заштитат европскиот процес како таков, отколку што е само наша обврска. Така што тој дел од бремето мислам дека паѓа на земјите-членки, а наше е да работиме тој акциски план да се дефинира што побрзо, рече Османи.

Тој посочува дека португалскиот предлог е креативно решение коешто ги адресира сензитивностите на сите три страни. Нашата позиција, бугарската и на земјите членки, бидејќи очигледно и земјите членки, вели, имаат став по однос на тоа каков ќе биде преговарачкиот процес.

-Тоа што ќе се постави како модел со нас, утре ќе направи преседан и за другите земји-кандидати и земји во регионот. Тоа може да отвори големи проблеми имајќи предвид колку билатерални прашања има во регионот и оттука е интересот на земјите-членки, можеби не само заради нас, туку и заради самиот процес, да го заштитат, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера на прес-конференција, на која го презентираше проектот МКарта.

Премиерот Зоран Заев очекува првата средба со неговиот бугарски колега, претседателот на Техничката влада на Бугарија Стефан Јанев да ја има на пограничен премин оваа недела, на која верува, дека ќе договорат следна средба со Јанев, како и средба на министрите за надворешни работи, за да работат на деталите на решението.

–Конекциите постојат. Секако, уште еднаш нашата замолница и целиот наш фокус е кон Бугарија со сите нивни институции, пред се претседателот на Бугарија господинот Радев, но и премиерот Стефан Јанев, но и министерот за надворешни работи, Парламентот и сите институции се надеваме дека навистина во јуни ќе дадат поддршка да го  направиме следниот чекор во интегративните процеси на СМакедонија, рече премиерот Заев по презентацијата на Интервентниот план за инвестиции ИПИ 2021-2027 во Владата. 

Амбасадорката на Хрватска во земјава Нивес Тигањ, во интервју за МИА порача дека Скопје заслужи почеток на преговорите и посакува тоа да се случи уште за време на португалското претседателство.

-Северна Македонија спроведе бројни реформи, од кои некои навистина беа и болни. Затоа сметаме дека Северна Македонија заслужува отворање преговори колку што е можно побрзо. Би сакале тоа да се случи уште за време на португалското претседателство – да се одржи првата меѓувладина конференција, односно формалниот почеток на пристапните преговори, изјави Тигањ.

Таа за МИА вели дека Хрватска го поттикнува и поддржува дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија за изнаоѓање решение, но и дека е потребно и продолжување на реформскиот процес, со консензус на сите политички сили во државата.

– Тоа е многу важно, бидејќи таквиот пристап ја потврдува посветеноста на вашата земја за вашата стратегиска цел, а тоа е членство во Европската Унија. И Хрватска имаше билатерална пречка на својот евроинтеграциски пат, па морам да кажам дека апсолутно имавме еден политички консензус, сите политички субјекти во државата имаа јасна цел и јасно определување за членство во Европската Унија, вели хрватската амбасадорка во интервјуто за МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ