поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
ПРЕРОДБА ВО 100 ЧЕКОРИ
Од новата екипа стари советници на Мицкоски се очекува, пред да предложат некоја друга програмска стратегија на партијата, да ги анализираат и оценат резултатите што се остварени со програмата на Груевски наречена „Преродба во сто чекори“, додека со ДУИ 11 години заедно беа на власт и еднаш дури и ја проширија и ја надградија, со што државата ја донесоа до Пржино, во многу тешка кризна ситуација.
ТИМОНИЕ НЕ ИМ ВЕРУВА НА НЕКОИ ПАРТИСКИ ЛИДЕРИ
Изгледа, Амбасадорот Тимоние не им верува на некои партиски лидери, кога му викаат дека се за владеење на правото и дека се борат против криминалот и корупцијата.
КАДЕ ЗАВРШИЈА ПАРИТЕ?
Знае ли некој каде завршиле (во која дупка) парите наменети за физибилити студијата за патот Тетово-Призрен, како и тие наменети за анализа на спроведувањето на Охридскиот договор, неколку години по 100.000 евра.
СТАБИЛНОСТA НА КУРСОТ Е ВО СИГУРНИ РАЦЕ
Нема потреба министерката за финансии да се ангажира за стабилноста на курсот. За среќа, стабилноста на курсот е во сигурни раце на таа што е и со устав задолжена. Нека се грижи министерката со парите од буџетот да не се (пот)купуваат избирачи на подобната партија на Албанците.