Пред извесен период имавме случај каде што 60 годишен болничар допирал по телото малолетно девојче од Радовиш која што отишла на пракса во Клиничката болница во Штип. Тоа за среќа е пријавено и човекот е приведен. Но, замисли да си во кожата на тоа девојче и цел живот имаш трауми дека ти одиш да студираш сакаш, да станеш докторка, а некој педофил те допира по телото. Тоа е страшно.
Но, исто така ние видовме во едно видео на една македонска неформална група насловена „Пантер Македонија“ којашто е исто таква група има „Пантер Србија“ таа е група од Србија којашто се бори против такви педофили коишто им допишуваат и се среќаваат со малолетнички. Ние имавме во живо во снимка каде што признаваа дека тие сакаа да се сретнат, двајца педофили, двајца повозрасни мажи признаваат дека дошле да се видат со 14 годишни девојчиња, но дека тие дошле само да пијат кафе и тоа за нив е нормално.
Од овој аспект гледам дека тие не ни сфаќаат дека нешто прават погрешно, вели „па што ќе пијам само кафе со нејзе“.
Со 14-годишно девојче? И што треба да разговара со тоа девојче да ја прашува таблица и множење на кафе?
На крај ние не знаеме како завршија тие два случаја. И сега сакам да кажам дали системот или треба да имаме неформална група составена од некои машки млади момчиња да ни ги штитат девојчињата од такви педофили или треба системот, државата тоа да го направи. Да не останеме на некоја неформална група туку токму треба системот да го запре тоа.
Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети
фото: ВИ