• Latest
Жарко Трајаноски

Како да се реши бугарско – македонскиот спор?

January 23, 2022
РУСКИ ТЕРОР | Кијив, 1 август 2026 година (фото извор: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Најмалку девет загинати во нов крвав напад врз Кијив, зад Украина е недела на интензивни удари со ракети и дронови

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026
Илустрација: ChatGPT / OpenAI, по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА.

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и вклучи глобален аларм

July 31, 2026

Пратениците прашуваа во Собранието, денес прашуваат граѓаните: Која е вашата порака до политичарите?

July 31, 2026

Ванчо Орданоски за инцидентот со Anthropic: Прашањето веќе не е дали ВИ може да хакира, туку кој ја контролира – државите одамна ја користат за сајбер-операции

July 31, 2026
Фото: Wikimedia commons

Подгорица ја усогласи визната политика со ЕУ, Русија предупредува на последици

July 31, 2026
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Нова иницијатива за Газа: Трамп најавува договор, но Израел и Хамас со спротивставени позиции

July 31, 2026
ЌЕ ЈА БИДЕ ЛИ? Ни треба реална проценка, а не „видовити“ политички прогнози

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

July 30, 2026

ЦИВИЛ бара деполитизација на кризата со водата и обединување во заштитата на здравјето

July 30, 2026

Водата меѓу политиката и кризата – неопходна сеопфатна заштита на здравјето и квалитетот на водата

July 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Како да се реши бугарско – македонскиот спор?

Политичарите би требало да сфатат дека тие се најголем дел од проблемот. Би требало да сфатат и дека лично мора да се променат за да се реши проблемот. Да сфатат дека треба да престанат да ја злоупотребуваат историјата за лични и популистички цели и за предизвикување конфликти.

January 23, 2022 13:29
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Жарко Трајаноски

Жарко Трајаноски

Share on FacebookShare on Twitter

ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

За да се реши бугарско-македонскиот спор, сите министри во владите, пратеници и членовите на историската комисија би требало да бидат обврзани да поминат тренинг за основни човекови права и активно почитување на разликите – спроведен од европски експерти.

Прво што ќе треба да научат е дека секој има еднакво право на достоинство и почитување и дека не треба да се однесуваат еден кон друг со омаловажување.

Второ, да научат што е дискриминација, и да не дискриминираат врз основа на етничко потекло, националност (државјанство) и други основи.

Трето, дека секој има право на слобода и сигурност и дека никој нема право да се заканува или да ја загрозува некому сигурноста.

Четврто, да научат што е тoртурa, свирепост, нexумaн и пoнижувaчки трeтмaн и кaзнување, и да станат свесни дека ова право се кршело и во двете земји од страна на властите со децении.

Петто, да станат свесни што е холокауст и геноцид, што се воени злосторства, и како бил вршени на Балканот и од кого.

Шесто, да научат кои аспекти на приватноста треба да се почитуваат, и да престанат да вршат повреди на честа и угледот.

Седмо, да научат дека секој има право на слобода на мислење и изразување и дека ова право исклучува говор на омраза по сите основи.

Осмо, да научат што значи прaвo нa слoбoдa нa мислaтa, сoвeстa и религиjaта и дека како што има различни верски убедувања, има и различни национални, лични и политички убедувања. Односно, како што некој верува во Исус и Мохамед, друг може да си верува во Хан Аспарух, Александар Македонски, Гоце Делчев, Ванчо Михајлов, Тодор Живков, Сталин или Тито.

Деветто, да научат како заедно да се борат да го остваруваат правото на подобар животен стандард на нивните сограѓани и соседи, а не да им го ускратуваат истото.

Десетто, да научат дека образованието во двете земји треба да биде насочено кон целосен развој нa чoвeкoвaтa личнoст, кoн зajaкнувaњe и пoчитувaњe нa чoвeкoвитe прaвa и oснoвни слoбoди и кон изградба на мирољубиви односи. Тоа значи дека со образованието треба да се унaпрeдувa рaзбирaњeтo, тoлeрaнциjaтa и приjaтeлствoтo мeѓу ситe нaрoди – а не преку него да се шират негативни стереотипи и предрасуди, или да се поттикнува нетрпеливост, омраза и непријателство меѓу соседите или други народи.

Единаесетто, би учеле и што значи право на културен и уметнички живот и како да ја почитуваат културната и уметничка разновидност, вклучително и симболите и политиката на меморија во секоја земја.

Дванаесетто, би учеле дека никој нема право да ги ограничува или гази човековите права и слободи, и како да се постигне човеков развој во кој правата и слободите нема да бидат кршени од страна на државите, туку ќе бидат заштитувани од нив.

Откако ќе поминат основен тренинг за почитување на сите овие права и слободи, дури тогаш би поканил експерти од Совет на Европа да им објаснат каква треба да биде наставата по историја за да промовира мултиперспективност и критичко размислување. Експертите треба да им објаснат зошто промовирањето на мултиперспективноста е суштинско за развојот на културата на демократијата.

Експертите ќе им помогнат и да развијат вештини против манипулација и злоупотреби на историјата, сè со цел историјата да не се користи за предизвикување конфликти, туку за подобрување на дијалогот и мирољубивите односи меѓу луѓето.

Се разбира, целиот тренинг би бил исполнет и со вежби за активно почитување на разлики, за градење на култура на комуникација и за создавање вештини за разрешување на конфликти.

Ако тренингот е успешен, тогаш политичарите би требало да сфатат дека тие се најголем дел од проблемот. Би требало да сфатат и дека лично мора да се променат за да се реши проблемот. Да сфатат дека треба да престанат да ја злоупотребуваат историјата за лични и популистички цели и за предизвикување конфликти. Да сфатат дека треба да го осудуваат говорот на омраза, а не да го практикуваат. Да сфатат дека треба да придонесуваат за подобрување на економскиот, политичкиот и човековиот развој, а не да го блокираат и уназадуваат.

Белким ќе сфатат.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ