Секоја „европска“ земја која ги исполнува критериумите за членство во ЕУ може да аплицира за влез во ЕУ. Критериумите за членство се познати како Копенхагенски критериуми. Овие критериуми вклучуваат ‘економија на слободен пазар, стабилна демократија, владеење на правото и прифаќање на целото законодавство на ЕУ.
За да го добие членството мора да ги исполни следниве Копенхагенски критериуми воспоставени од Европскиот совет во 1993 година:
- Стабилност на институциите во гарантирањето на демократијата, владеење на правото, човековите права и почитта и заштитата на малцинствата
- Постоење на функционална пазарна економија, како и капацитет да се справува со конкурентскиот притисок и пазарните сили на Унијата.
- Способност да ги преземе обврските за членство вклучувајќи го и придржувањето кон политичките, економските и монетарните цели на Унијата.
Во декември 1995 година, Мадридскиот Европски совет изврши ревизија на критериумите со тоа што вклучил услови за интеграција на земјата-членка за прилагодување на нејзините административни структури: бидејќи е важно легислативата на Европската заедница да се рефлектира во националната легислатива и важно е ревидираната национална легислатива да биде ефективно спроведена преку адекватни административни и законски структури.
Земја која сака да влезе во ЕУ поднесува апликација за членство до Европскиот совет, во која се бара Европската комисија да процени дали апликантот може да ги исполни критериумите во Копенхаген. Доколку Комисијата одлучи, Европскиот совет се согласува за рамка за преговори со земјата-кандидат. Преговорите за членство не можат да започнат сè додека не се согласат сите влади на ЕУ.
Преговорите опфаќаат 35 полиња, познати како поглавја, кои ги опфаќаат сегашното законодавство на ЕУ. Не се отвораат сите поглавја во исто време и брзината на преговорите зависи од тоа колку брзо земјата-кандидатка може да донесе законодавство на ЕУ и да ги исполни репер-условите утврдени од ЕУ. Ниту еднo поле на преговори за едно поглавје не може да се затвори сè додека секоја влада на ЕУ не биде задоволна. Процесот на преговори се склучува само откако ќе се затвори секое поглавје.
1. Слободно движење на стоки
2. Слободно движење на работници
3. Право на основање слобода на давање услуги
4. Слободно движење на капитал
5. Јавни набавки
6. Право на трговски друштва
7. Право на интелектуална сопственост
8. Политика на конкуренција
9. Финансиски услуги
10. Информатичко општество и медиуми
11. Земјоделство и рурален развој
12. Безбедност на храна, ветерина и фитосанитарна политика
13. Рибарство
14. Транспортна политика
15. Енергија
16. Оданочување
17. Економска и монетарна политика
18. Статистика
19. Социјална политика и вработување
20. Претпријатија и индустриска
политика
21. Транс-европски мрежи
22. Регионална политика и
координација на структурните
инструменти
23. Правосудство и фундаментални
права
24. Правда, слобода и безбедност
25. Наука и истражување
26. Образование и култура
27. Животна средина
28. Заштита на потрошувачите и
здравствена заштита
29. Царинска унија Министерство за финансии
30. Надворешни односи Министерство за економија
31. Надворешна, безбедносна и
одбранбена политика
32. Финансиска контрола
33. Финансиски и буџетски
одредби
34. Институции Секретаријат за европски
прашања
35. Други прашања
Штом преговорите ќе завршат, земјата-кандидат потпишува договор за пристапување, утврдувајќи кога официјално ќе влезе во ЕУ. Овој договор треба да биде одобрен од сите влади, Европската комисија и Европскиот парламент. Секоја земја-членка на ЕУ исто така треба да го ратификува договорот.
подготви: Дијана Тахири