• Latest

Како Иванов (не) го спроведува законот за одбрана?

January 28, 2018
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Како Иванов (не) го спроведува законот за одбрана?

January 28, 2018 13:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Надлежностите на Претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата поврзани со одбраната и Армијата се пропишани со членот 18 од Законот за одбрана. Со донесување на одредени одлуки Претседателот Иванов повеќепати го прекрши овој член од законот, со што нанесе несогледливи последици по борбената готовност на Армијата.

Пишува: Велин Стојановски

Со точка 9 од членот 18 од наведениот закон, Претседателот е обврзан да го пропише командувањето во Армијата. Командувањето во Армијата подразбира едностарешинство и кој на кого може да издава наредби. Со тој пропис јасно треба да се искаже кој е претпоставен, а што потчинет.

Вообичаена пракса во сите армии во светот е дека, ако едно лице во синџирот на командување, бил претпоставен на некое лице и му издавал наредби тоа лице, никогаш не може да биде потчинет на лицето на кое некогаш му бил претпоставен. Напочинувајќи го ова правило, Претседателот Ѓорге Иванов успеал да патентира нов изум во командувањето, според што потчинетиот станува претпоставен на својот претходно претпоставен. Изум со кој се нарушува борбената готовност.

Така, Ѓорге Иванов го постави Методија Величковски за претпоставен на Димче Петревски, иако претходно Димче му беше претпоставен на Методија повеќе години. Уште полош е примерот со бригадниот генерал Павле Арсоски кој во периодот од 2013 до 2015 година му беше претпоставен командант на Зоран Милески и секојдневно му даваше критики за несработеното. Во 2016 година Зоран Милески, ни крив ни должен, по критериумите на Иванов, му стана претпоставен на Павле Арсоски. Двајца генерали (Димче и Павле) кои на тогашните полковници Методија и Зоран им даваа оценки едвај доволен или двојки по одредени елементи на оценување, сега примаат наредби од своите некогаш потчинети.

Тоа го нема никаде, ама баш никаде во светот, освен кај нас и можеби во Зимбабве.  Во другите армии, тоа се вика нарушување на системот на командување. Таму се случува некој потчинет побрзо да напредува и стаса до повисоки чинови од својот претпоставен, но никогаш не станува претпоставен на својот порано претпоставен.

Во точка 11 од наведениот член од Законот, на претседателот на државата му е дадено правото да поставува старешини на формациски места генерали и да унапредува и разрешува генерали. Ова право Иванов максимално си го користи и си унапредува генерали по партиски и роднински линии.

Дали Иванов има некаде пропишано некаков подзаконски акт со кој ќе ги пропише критериумите за избор и унапредување на генерали? Најверојатно нема, затоа што досега унапредените генерали не исполнуваат одредени критериуми.

Во сите армии во светот во чин генерал се унапредуваат најдобрите полковници, значи тие со оценка Одличен или по војнички кажано Особено се истакнува. Тоа за Иванов не важи, па во чин бригаден генерал ги унапредил полковниците Методија Величковски, Стојан Димчов и Зоран Милески, кои по елементот физичко имале едвај оценка два или заклучно Се истакнува. За сите други унапредувања важи критериумот од членот 60 од Законот за служба во АРМ со кој е пропишано активниот воен персонал може да се унапреди во непосредно повисок чин според потребите на службата, врз основа на оценувањето на резултатите на нивната работа за периодот сметано од нивното последно унапредување и покажаната способност за вршење должност во повисок чин.

Дали претседателот ги побарал досиејата на споменатите и да види дека, додека биле полковници, постојано биле оценувани со двојки по физичко. Замислете генерал кој не може да истрча 3.200 метри со своите војници. Во НАТО, тоа е срам за генералот, кај нас, повод секоја година минимум еден баталјон војници и старешини да побараат ослободување од проверки по физичко или одат на алтернативни тестови, а не на трчање.

Втор критериум, воспоставен во светските пракси, е генералите да имаат соодветно образование. За жал и тука Иванов прави исклучоци, односно во генералски чинови ги унапредува Горанчо Котески, Мухамед Рацај, Васко Ѓурчиновски и Зоран Милески со само три години воена академија и претходно завршено средно воено школо. Тоа е исто како некој што завршил средно медицинско школо да оди една година помалку на медицински факултет.

Секако и последниот пример на унапредување на Методија Хаџијанев во чин бригаден генерал, кој нема завршено школа за национална одбрана, каде се учи стратегија, туку докторирал на меѓународно право. Во членот 63 од Законот за служба во АРМ е предвидено дека полковник може да биде унапреден во бригаден генерал „ако се стекнал со научно звање доктор во научна област која одговара на родот, односно службата на која и припаѓа.“ Која врска има докторанд по меѓународно право со командување, само Иванов знае.

Се стекнува впечаток дека унапредувањата се вршат по партиска и роднинска врска, а се заборава дека, според членот 47 од Законот за одбрана, во Армијата не можат да се организираат и да функционираат политички партии и здруженија на граѓани. Припадниците на Армијата во вршењето на службата не можат да се раководат од своите политички убедувања, ниту можат да ги изразуваат и застапуваат во своето работење или да влијаат на други.

Законот е едно, а праксата друго. Така, унапредениот генерал Методија Величковски не сака ни да слушне за унапредување на старешини кои имаат било каква симпатија кон СДСМ. Па така, симпатизери на СДСМ, иако ги исполнувале сите услови (оценки, должности и рангирањето на ранг листите) Величковски по неколку години не ги унапредил.

Следен критериум на Иванов е идните генерали да бидат аѓутанти на претседателот. Така, унапредил вкупно пет генерали, без да погледне во досието кои должности ги изврштувале во кариерата. Така, на Мирче Ѓорговски највисока должност му беше командир на чета, а на Методија Хаџијанев највисока командна должност му е командир на вод. Како тие ќе ги извршуваат стратешките командни должности само Ѓорге Иванов знае.

Аѓутантите на врховниот командант треба да се строево изградени и најчесто командантите на гардите воедно се и аѓутанти на врховниот командант. А колку нашиот нов аѓутант е строево изграден може да се види и од оваа фотографија.

Аѓутантот е крајно лево на фотографијата

Додека претседателот зборува аѓутантот, наместо да е до него во став парадно слободно, тој со скрстени раце (преку она работа) стои во публиката. Која е функцијата на аѓутантот дали знаат или почетник е, па ќе научи.

За да нема злоупотреби во иднина, потребно е да се изградат стандарди кои ќе се почитуваат и пред одредено лице да биде унапредено во генерал, мислење да дадат началникот на ГШ на АРМ, Министерот за одбрана и собраниската комисија за одбрана и безбедност, со што и ќе се спречи субјективизмот од претседателот.

Во последната, 12 точка од членот 18 од Законот за одбрана, е пропишано дека претседателот ги поставува и отповикува воените претставници на Републиката во странство. Тој ист претседател, во периодот од 2012 до 2015 година, целосно ја уништи воената дипломатија. Ги повлекуваше воените дипломати, а на нивно место не поставуваше други.

Оправдување немаше, затоа што во август 2013, Министерот за одбрана достави список на лица кои по спроведена постапка се избрани за воена дипломатија. Претседателот, кој според законот е должен избраните кандидати да ги назначи, а Ѓорге бидејќи на списокот имало лица што не се со партиски стаж по препорака на централниот комитет и генералниот секретар на партијата на која и тој припаѓа, одлучи да не ги потпише указите за поставување на тие лица.

Така не се оди во НАТО! Без воена дипломатија, како ќе ги убедиш во НАТО дека Армијата има капацитети да пополни 30-40 места во НАТО командите, ако немаш капацитети да упатиш персонал во воената дипломатија. Веќе петта година нема воена дипломатија, а на Ѓорге ни око не му трепнува. Важно, во предизборната кампања во 2014, користеше билборди со слики со војници гардисти што е преседан. Дали некој видел друг врховен командант да ги користи војниците во предизборна кампања?! Верувам не, затоа што секаде во светот војската е деполитизирана.

Последното отповикување на одбранбеното аташе од Вашингтон, во екот на последните обиди да влеземе во НАТО е преседан. Најверојатно, без да се соработува со Министерството за одбрана, се изготвува указот за отповикување во кој е направена круцијална грешка па, наместо според точка 12 од членот 18 од Законот за одбрана со кој е пропишано отповикувањето на воени претставници, тој се врзал за точка 11 со која всушност се поставуваат и унапредуваат генерали.

Грешка, намерна или не, само тој си знае.

Следно прашање на кое треба да одговори Иванов е по кој критериум ги одредувал деновите на командите и единиците на АРМ?

Така, со одредувањето на 2 април за ден на првата механизирана пешадиска бригада, како што наведува во одлуката за денови на единици, како ден кога во 2012 година 1. пешадиска бригада е трансформирана во 1. механизирана пешадиска бригада е неточен датум или преправање на историјата. СРАМ НЕВИДЕН е да се менува сопствената историја. Покасно, таа одлука делумно ја променил и за ден останат е 2 април, но како традиција се наведува дека е тоа денот кога командата на бригадата од Штип се дислоцирала на Петровец. Уште поголем срам. Прво тоа не е точно, а второ, каква традиција е преместување од еден гарнизон во друг?!

Точно е дека 1. пешадиска бригада е трансформирана во 1. механизирана пешадиска бригада во 2005 година и тоа на 19 декември, за тоа постојат документи и укази, наредби за поставување и команданти кои биле на таа единица. Впрочем, и сегашниот НГШ од 2006 до 2009 година беше заменик на командантот во 1. механизирана пешадиска бригада во Штип, а не на некоја пешадиска бригада. Второ, командата на 1. МПБР од Штип се пресели на 2 јули 2012 година, а не во април, како што се преправа.

Ова е историја и мора да ја пишуваме правилно, ама кај Ѓорге сѐ е можно. Па можно е во декември 2013 година да потпише указ за поставување на воено аташе во Германија, а указот да не го изврши Министерот за одбрана. Тоа е потполно исто како да се потпише указ за одбрана на татковината, а потчинетите не го извршуваат. Се играме војска! Нели?

Авторот е магистер по национална безбедносна стратегија

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: IvanovгенералиЗакон за одбранаНАТОстандардиунапредување
Share226Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ