• Latest

Како ќе се реши платеното политичко рекламирање за изборната кампања

June 18, 2020
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Каде исчезнаа панкерите? За културата меѓу подрумите и блескавите химери

November 15, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Кога и Како?

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Како ќе се реши платеното политичко рекламирање за изборната кампања

June 18, 2020 20:30
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Движењето Беса поднесе кривична пријава против Агенцијатa за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и претседателот на Советот на АВМУ, Лазо Петрушевски, поради една одлука која според опишувањето во тужбата може да создаде реални проблеми во предизборната кампања.

Според Изборниот законик, медиумскиот простор се дели на тој начин што рамноправно им се дава простор на две партии од власта и две партии од опозицијата, а помал дел на помалите партии. Изборот на партиите законски се прави според резултатите постигнати на минатите парламентарни избори. Но создавањето на нови коалиции предизвика забуна и комплицирани ситуации, а најмногу се отежнува доколку распределбата на медиумскиот рекламен простор се дели како што обвинуваат од Беса.

Во тужбата пишува дека АВМУ времето предвидено за партиите на власт го поделила 50%-50% меѓу коалицијата МОЖЕМЕ, предводена од СДСМ, и ДУИ. Просторот за опозициските партии е поделен, пак, меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија”, која ја предводи токму ВМРО-ДПМНЕ. Според ова излегува дека ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција ќе можат да го користат целиот простор предвиден за опозициските партии, а оваа коалиција ќе има исто време колку што СДСМ и ДУИ ќе имаат заедно.

Ваквата одлука, според пријавата на Беса, доколку стапи на сила, ќе создаде забуна и кај партиите и кај медиумите. Во слична дилема претходно беше и Државната изборна комисија. Беса според последните резултати е второ рангирана партија во опозиција, но бидејќи настапи во коалиција со СДСМ, претседателот на ДИК, Оливер Деркоски најпрвин предложи местата во избирачките одбори кои и припаѓале на оваа партија да и се диделат на Алијансата за Албанците. Но, на крај ДИК се одлучи да ги остави на Беса. Според оваа одлука и државните пари кои ќе ги подели ДИК за медиумска кампања се доделуваат на СДСМ и ДУИ како две прворангирани партии на власт и ВМРО-ДПМНЕ и Беса како две партии во опозиција.

Доколку одлуката за која сега тужи Беса, стапува на сила медиумите ќе останат меѓу две контрадикторни одлуки, првата на ДИК која доделува пари на Беса како второ рангирана опозициска партија и одлуката на АВМУ која просторот на второрангирана опозициска партија му ја одредува на коалицијата “За подобра Македонија”.

Во ваква ситуација, ако медиумите ја почитуват одлуката на ДИК и ја рекламираат Беса како второ рангирана опозициска партија, можат да добијат казна од АВМУ, а доколку ја почитуват одлуката на АВМУ можат да останат без парите кои ги доделува ДИК.

Арианит Хоџа од Движењето Беса денеска објави документ со кој соопшти дека оваа партија поднесе кривична пријава против Агенцијатa за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и претседателот на Советот на АВМУ Лазо Петрушевски поради пречекорување на овластувањата и злоупотреба на службена должност.

„Како што најавивме пред неколку месеци, денеска во името на Движење БЕСА поднесовме кривична пријава против АВМУ, заради пречекорување на овластувањата и злоупотреба на службена должност, сакајќи да му наштети на Движењето БЕСА, кое е четврта партија по големина, односно втора поголема опозициска партија од резултатите на парламентарните избори од 2016 година… На остатоците од режимот ВМРО-ДУИ нема да им се дозволи да направат нови преседани со толкување на законите по нивата лична желба или нивните партиските наредби“, истакна генералниот секретар на Движењето Беса, Аријанит Хоџа на Фејсбук.

Арбен Зеќири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ