• Latest
Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

Како кинеската пропаганда ја обликува перцепцијата за Кина во светот и кај нас?

February 16, 2024

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Како кинеската пропаганда ја обликува перцепцијата за Кина во светот и кај нас?

February 16, 2024 13:11
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФО, ПРОПАГАНДА, СВЕТ, ТОП 5
Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

АНА КРСТИНОВСКА

Народна Република Кина во последните четири децении постигна огромен економски напредок и успех во подигнување на стандардот и квалитетот на живот на своите граѓани. „Фабриката на светот“ се позиционираше како главен глобален извозник и неодминлив економски партнер на речиси сите држави, вклучително и Македонија. Во логичен след на настаните, паралелно со економското јакнење, во последната деценија Кина започна да пројавува амбиции да се наметне како глобален играч и на други полиња, почнувајќи од културата и спортот, преку научно-технолошкиот развој во клучни области како обновлива енергија, електрични возила, вештачка интелигенција и истражување на вселената, до регионалната стабилност во различни делови од светот, глобалната геополитичка и геоекономска поставеност и размислувањата за светскиот поредок.

Една од клучните алатки која Кина ја користи за да ја наметне или зајакне својата доминација е манипулирањето со информацискиот простор, како дома, така и кон надвор. Притоа, за разлика од Русија која во голема мера се потпира на ширење дезинформации и лажни вести, главна одлика на кинескиот пристап е ширењето на пропаганда во комбинација со строга контрола на протокот на информации. Целите на тие активности во различни периоди се различни, но во основа насочени кон тоа „да се раскаже добро кинеската приказна“, според зборовите на кинескиот Претседател Ши. Тоа значи да се зајакне ширењето на кинеските официјални наративи и позиции, наспроти доминантните наративи на Западот за различни прашања од интерес за Кина и светот.

На пример, на надворешно-политички план Кина се обидува да ја прикаже сопствената економија како стабилна и отворена со цел да ги задржи странските инвеститори, да ги побие западните тврдења за масовно кршење на човековите права во Шинџианг или да обезбеди легитимитет за своите територијални претензии во Јужнокинеското море. Дома, наративите се насочени кон прикажување на Кина како глобално-конструктивен играч, промовирање на кинеските достигнувања и демонстрирање на кинеската супериорност во поглед на САД и останатите западни држави. Додека пропагандата кон надвор е релативно нова појава која започнува во мандатот на Претседателот Ху и особено се интензивира во мандатот на претседателот Ши, пропагандата за домашни цели има долга традиција.

За разлика од западните држави каде што слободата на изразување е неприкосновена вредност, контролата на информациите и наративите како концепт во Кина нема негативна конотација, туку се перцепира како легитимна алатка за постигнување на општествените цели, информирање и едуцирање на населението. Обединетиот фронт е органот на Кинеската комунистичка партија задолжен за унифицирање на пристапот кон пропагандата и негово интегрирање низ сите општествени полиња, како што се образованието, војската, медиумите, дури и приватниот сектор.

Иако во научната јавност сè уште нема консензус за тоа како точно функционира Обединетиот фронт и колкав е неговиот опфат, посебно кога станува збор за операции за влијание надвор од Кина, се препознаваат две јасни тактики за контрола на информацискиот простор. Првата е ширење на единствено позитивни информации за Кина кои имаат за цел да го оправдаат или легитимизираат кинеското делување дома и во странство или да претстават различни апсекти и појави поврзани со Кина во ексклузивно позитивно светло.

Втората тактика е строга контрола на информациите кои се спротивни на кинеските официјални – одобрени наративи или пак критички информации за Кина преку цензура. Цензурата ги опфаќа традиционалните и социјалните медиуми, контролирајќи го протокот на информации во и кон Кина, како и протокот на информации од Кина кон надвор. Дополнително, The Great Firewall, систем којшто опфаќа комбинација на легислативни акти и најсовремена технологија, претставува моќна алатка за цензура на интернетот во Кина. Така, социјалните мрежи и повеќе дигитални алатки кои сме навикнати да ги користиме, како Facebook, Instagram, Twitter, Youtube, Viber, Whatsapp или апликациите на Google не се достапни во Кина. Кина има своја мрежа на социјални медиуми и алатки за комуникација, како што се Wechat, Sina Weibo, Tencent QQ или Douyin.

Самата големина на кинеската држава и ресурсите кои ги поседува имплицираат дека може да алоцира значајни ресурси, како човечки така и финансиски, за постигнување на сопствените цели. Кинеската пропаганда се потпира на добро развиена мрежа на традиционални медиуми, вклучително и телевизиски и радио станици кои се достапни во повеќето држави во светот. Имено, Кинеското интернационално радио (China Radio International – CRI) има вебсајт и емитува програма на многу странски јазици, вклучително и албански и српски, јазици кои се зборуваат од страна на мнозинството граѓани во Западен Балкан. Кинеската глобална телевизиска мрежа (China Global Television Network – CGTN) е достапна преку дигиталните оператори во Северна Македонија на англиски јазик и има Фејсбук профил на македонски јазик. Освен тоа, преку билатерални договори за соработка, програма од кинеските медиуми се презема од локални медиуми, како што се на пример радио Ејани во Албанија или Welcome to Fun радио во Србија, со што се зголемува влијанието на кинеската пропаганда во странство.

Секоја држава во светот има легитимно право на јавна дипломатија, односно да ги промовира својата култура, јазик, достигнувања на различни полиња, вредности и визии за светот дома и во странство и Кина секако не е исклучок. Но, за да можат да изградат информиран и издржан став, граѓаните на другите држави и пред сè креаторите на политики и јавно мислење треба да имаат пристап кон целосни и точни информации за таа држава, анализи, толкувања и мислења од различни, објективни и проверени извори. Слободата на изразување и мислење е камен темелник на демократскиот плурализам којшто треба да функционира во спрега со интегритетот на сите чинители кои имаат моќ да влијаат врз информацискиот простор и следствено имаат обврска да го заштитат од манипулации. Во тој контекст, медиумите, новинарите и граѓанските организации имаат општествена одговорност да работат на медиумската писменост и на поттикнувањето информирана јавна дебата за Кина, нејзиното глобално присуство и билатералната соработка.


Д-р Ана Крстиновска е претседателка и истражувач во ЕСТИМА, тинк тенк организација која го проучува кинеското присуство во Европа. Таа е исто така истражувач во платформата CHOICE – China Observers in Central and Eastern Europe од Прага и истражувач во Грчката Фондација за надворешна и европска политика ЕЛИАМЕП од Атина.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот.


ЛИНК ДО ПУБЛИКАЦИЈА


#ОслободиГоУмот
#LirojeMendjen
#TromalkerenTumariGodi

Оваа анализа е дел од проектот „Ослободи го умот“. Проектот е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
Tags: дезинформацииКинакинеска пропаганда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ