• Latest

Како Македонија и Србија да постигнат една милијарда евра размена

April 15, 2018

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Како Македонија и Србија да постигнат една милијарда евра размена

April 15, 2018 17:00
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Како до една милијарда евра во трговската размена со Македонија, анализира денеска новинската агенција Танјуг и наведува дека трговијата лани изнесувала 767,06 милиони евра, што е покачување од 5,5 отсто во однос на 2016 година.

Српското Министерство за трговија, туризам и телекоминикации порача дека за Белград е од големо значење да продолжи зајакнувањето на трговските односи со Скопје. За да се случи тоа, стои во анализата, неопходно е да се почитува ЦЕФТА Договорот за слободна трговија меѓу двете земји, поради што неодамна претставници на Белград и Скопје одлучија да формираат „ад-хок“ работна група за решавање на проблемите поврзани со извозот.

Македонскиот вицепремиер задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев беше во Белград минатата недела и по средбата со министерот за трговија Расим Љајиќ рече дека „Македонија е подготвена да го почитува ЦЕФТА Договорот и да ги олесни сите административни и неадминистративни бариери ако тоа е подготвена да го направи и другата држава”.

Љајиќ и Анѓушев се согласија до 30 јуни да биде потпишан и ратификуван билатералниот договор за соработка во областа на безбедноста на храната и ветеринарството, како и договорот за фитосанитарна соработка со кој меѓусебно ќе се признае важењето на сертификатите.

Љајиќ очекува за десетина дена во македонското Собрание да се усвои новиот правилник, кој меѓу останатото, ќе го регулира и прашањето за увозот на брашно од Србија, како и пред седми февруари кога Скопје донесе решение со кое го „закомплицира“ увозот, пишува Танјуг.

Од „Житоунија“ од Нови Сад велат дека извозот на српско брашно во Македонија и Косово е намален за 23 отсто во изминатите два месеца поради нецаринските бариери. Оттаму прашуваат дали е решен проблемот со „неселективната анализа” на брашното на радионуклеиди и тешки метали, која се применува кон српските извозници. Тврдат дека реалноста на теренот е значително различна од она што го претставува Скопје, па се сомневаат дека Македонија ќе се придржува кон договорот, бидејќи во последните 10 години, 13 пати се воведувани различни „блокади” кон српските производи.

Одговарајќи и на „Житоунија“, Љајиќ порача дека кога станува збор за брашното, договорено е анализата на камиони на границата да се работи „на прифатлив примерок од три до пет проценти од испратената стока” и дека по потпишувањето на Договорот за признавање на сертификатите и на фитосанитарната соработка и овој проблем ќе биде решен, додава Танјуг.

Според Љајиќ, Србија попуштила по многу прашања, како за извозот на ориз од Македонија во Србија, за што се жалеле македонските трговци, бидејќи на граничните премини камионите со ориз стоеле и до недела дена, додека не пристигнат анализите од Нови Сад.

На состанокот во Белград е договорено и српските гранични служби да работат на „олеснувањето на увозот“ на сувомесните и на млечните производи од Македонија, наведува Танјуг во анализата.

Извор: МИА

Tags: анализаАнѓушевЈањиќМакедонијаСрбијаТанјугтрговијаЦЕФТА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ