• Latest
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026

Удбашка култура: Модел на владеење што го надживеа системот

October 4, 2026
Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ/А. Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ со Арена и „странски служби“, студентите од врата до врата

October 4, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Одбрана, мир, сигурност

October 4, 2026
Днипропетровск, 3 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Нови воздушни напади, жестоки борби и цивили заробени меѓу гладот и мините во Олешки

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026 09:50
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. д-р Александар Иванов

Проф. д-р Александар Иванов

Share on FacebookShare on Twitter

Александар Иванов

Во теоријата на безбедноста, особено низ призмата на Копенхашката школа, концептот на секјуритизација објаснува еден исклучително фасцинантен феномен: како одредени општествени актери, преку внимателно конструиран јавен дискурс, успеваат едно редовно прашање да го претстават како „егзистенцијална закана“ за самиот опстанок на државата или нацијата. Логиката на овој концепт е едноставна, но моќна. Штом нешто ќе се прогласи за безбедносна закана од највисок ред, тоа прашање автоматски се вади од сферата на нормалната политичка, институционална или академска дебата. Со тоа, се отвора простор за оправдување и примена на т.н. „вонредни мерки“, кои во нормални околности би биле апсолутно неприфатливи.

Ако сакаме објективно и научно да разбереме што точно се случува со дел од истражувачкиот и професорскиот кадар во областа на историјата, археологијата и сродните национални дисциплини, неопходно е да го примениме токму овој безбедносен филтер. Во последниве години, сведоци сме на една континуирана тенденција во која овие научни дисциплини успешно се позиционираат како врвен референтен објект на националната безбедност. Дел од овие дејци мајсторски ја убедија јавноста, а очигледно и законодавците – дека тие не се само обични истражувачи, туку екслузивни бранители на македонскиот идентитет. Според тој вештачки конструкт, секое легитимно барање за нивна меѓународна евалуација, транспарентност и квалитативна проверка, веднаш се етикетира како директен напад врз самата држава.

Во тој специфичен контекст, новиот Закон за високо образование претставува класичен школски пример за имплементирана „вонредна мерка“ која директно произлегува од процесот на секјуритизација. Овој законски акт функционира како правен штит кој ги иззема овие „специфични“ научни дејци од нормалните, ригорозни и меѓународно признати правила на академската евалуација. Творците на законот, очигледно потклекнувајќи под притисокот на овој вештачки безбедносен дискурс, создадоа парадигма во која историјата и археологијата наводно не смеат да подлежат на истите строги критериуми како останатите научни области.

Зошто е ова системски погубно? Науката, по својата дефиниција, бара универзалност, методолошка конзистентност и строга меѓународна верификација. Ослободувањето од обврската за објавување трудови во реномирани списанија со импакт фактор и видлива цитираност во престижните бази како Web of Science или Scopus значи затворање на македонската наука во локален, изолиран меур. Да се смета дека меѓународната валоризација – таканаречениот „peer review“ процес од страна на странски експерти – е рамна на предавство, е крајно анти-интелектуален и ненаучен став. Националната историја не се брани со изолација од светот, туку токму со научни докази, факти и аргументи кои имаат капацитет да го издржат критичкиот суд на глобалната академска јавност. Суштината на овие дисциплини мора да почива во меѓународни бази на податоци, а не во локален консензус кој бега од надворешна проверка.

ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Апсурдот на овој систем станува најочигледен кога оваа пара-научна удобност ќе ја споредиме со реалните безбедносни студии и современите научни предизвици. Додека професорите и истражувачите кои се занимаваат со еколошка безбедност, човекова безбедност, цивилна заштита и управување со ризици од катастрофи мораат континуирано да вложуваат огромен труд за да исполнат строги меѓународни норми – собирајќи прецизни емпириски податоци, применувајќи ги Фраскатиевите класификации и соочувајќи се со сурови рецензии за објави во меѓународни списанија (како на пример International Journal of Disaster Risk Management) – дел од нашите „тешкаши“ добија законски имунитет. Егзактните науки користат комплексни системи и детални методологии за да измериме реални закани по општеството, додека во заштитените дисциплини често се потпираат на повишен тон и патриотски децибели за да одбранат митови кои примарно им ги штитат нивните сопствени фотелји.

Токму во тој вакуум на научна методологија и недостаток на меѓународна компетитивност, дебатата во овие изолирани академски кругови, за жал, понекогаш сè уште наликува на кафански консензус. Без цврсти податоци, теоретизирањето за историските процеси и коските стари илјада години се сведува на импровизација, потсетувајќи на онаа метафорична, исклучително тешка „научна“ дејност – стручната анализа водена преку дегустација на зелка салата и домашна ракија, отколку преку вкрстена проверка на фактите.

Вистинската егзистенцијална закана овде не доаѓа од наводните странски влијанија врз нашата историја, туку од катастрофалната порака што ваквиот секјуритизиран систем ја испраќа до младите истражувачи и идни генерации. Со ваквите законски решенија им порачуваме: не се трудете да бидете конкурентни во светот. Скријте се зад „националниот интерес“, бидејќи тој се покажа како најдобриот панцир за неработењето и најсигурниот, легален пат до највисоките академски звања. Кога критичката мисла ќе се замени со митологија, кредибилитетот на нашето високо образование ќе продолжи тивко и неповратно да испарува пред нашите очи, жртвувано на олтарот на една лажна и штетна безбедносна парадигма.

 


ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.


Проф. д-р Александар Иванов е редовен професор на Факултетот за безбедност – Скопје, специјализиран за безбедност на животната средина, меѓународни односи и трансформација на безбедносната наука во оперативна реалност.


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

Tags: археологијабезбедностидентитетисторија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ