пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Денешната реакција на ЗНМ за говорот на омраза кон новинарите и медиумите на антиваксерскиот протест вчера, не ја споделиле ни од самото раководство на ЗНМ.
На објавата на ФБ страницата на ЗНМ, едвај 10-тина лајкови за поддршка, меѓу нив – ниту едно познато новинарско име.
Нема видливи реакции ниту од синдикалните, ниту од новинарските етички тела и нивните раководства и челници.
Има ли уште некој наивен што ги гледа славните новинаришта што се борат како лавови против „диктатурата на Заев“, и се чуди како тоа Грујо ни ја газеше фелата 10 години и затвораше медиуми и новинари?
Не чудете се. Тоа е таа позната „солидарност“ и „храброст“ на македонските новинари.