Низ историјата, српсо-руските односи никогаш не биле едноставни, ниту пак нужно пријателски. Во последните неколку години се дури и посложени. Овој тренд се совпаѓа со засилените напори на сегашната администрација во Белград да се обиде и повторно да воспостави подобро партнерство со САД – како што српскиот претседател Александар Вучиќ истакна во неговото писмо до американскиот претседател Доналд Трамп по повод овогодинeшните прослави на Денот на независноста. Голем број релевантни српски претставници и јавни личности се надеваат дека односите може да достигнат ниво на стратешко партнерство, што повеќе пати е истакнато на бројни биенални конференции на високо ниво, вклучувајќи ја и Неделата на НАТО во Белград.
Белград тврди дека наоѓа поголемо разбирање за овие напори во администрацијата на Трамп, отколку во претходните администрации. За жал, не можеме да го тргнеме мислењето дека истото важи и за Европската унија, бидејќи подобрувањето на односите со САД се смета како игра во која што колку едниот добива толку другиот губи, наместо сценарио во кое сите страни победуваат.
Овие обновени напори не се само обид на Вучиќ да го манипулира Западот, како што некои неосновано и тенденциозно сугерираат, туку се конкретни, конструктивни чекори кои ја илустрираат целта на Србија да се движи кон Западот и е вистинска, покрај огромните пречки. Некои од овие чекори се содржани во неодамнешната објава насловена “Правилните работиf”, објавена од страна на Центарот за анализа на европски политики.
Според написот на Центарот за анализа на европски политики: „Србија има најзначаен контингент на војници на Западен Балкан во мултинационални операции предводени од ЕУ и ООН и има институционализирано соработка со Европската агенција за одбрана“.
Написот понатаму истакнува дека „во 2018 година Србија и НАТО заеднички ја организираа теренската вежба за управување со последиците, која вклучи 2,000 учесници од 40 земји. Србија ја започна имплементацијата на вториот циклус на Акцискиот план за индивидуално партнерство со НАТО и има оддржано повеќе вежби во 2019 година со земјите на НАТО отколку со Русија. Нејзината Програма за државно партнерство со Националната гарда на Охајо е една од најдобрите во Европа“. Се спомнува и јавната поддршка на Вучиќ за договорот за Босна и Херцеговина од 2019 година за формирање на нова влада и усвојување на реформска програма за вооружените сили во соработка со НАТО.
Центарот за анализа на европски политики понатаму истакнува дека „Покрај притисокот на Кремљ, Белград одбива да даде дипломатски статус на таканречениот српсо-руски хуманитарен центар во Ниш, инструмент на руската мека моќ“. Во јасен обид за попречување на овој прогрес, српската влада одзеде еден локален аеродром ви Ниш и го стави под своја надлежност, откако Центарот ги премести своите простории таму.
Несомнено дека интересот за подобрување на севкупните односи со САД делумно се должи на очекувањата на Белград дека САД ќе демонстрираат поголемо разбирање во однос на преговорите со Приштина. Неодамнешната релевантна анкетa за јавното мислење наречена „Ова сме ние“, изработена од страна на Центарот за евроатлантски студии покажа дека српското јавно мислење силно го поддржува овој курс, нешто што намерно или несакајќи често се занемарува кога се коментира за состојбата во Србија. Според истражувањето, 65 проценти од граѓаните го поддржуваат зајакнувањето на соработката помеѓу Србија и САД во областа на безбедноста, одбраната и економијата. Други 14 проценти се неодлучни, што значи дека и тие би можеле да бидат убедени доколу им се претстават добри аргументи.
И покрај тоа што постојат мноштво невладини организации финансирани од политичкиот Запад, безброј микро опозициски, наводно демократски, движења, како и истакнати западни портали поврзани со владата (на пример, Гласот на Америка, RFE/RL, DW, BBC) и локални антивладини, очигледно продемократски медиумски портали, за кои би се очекувало да бидат клучните извори на вакви вести и трендови, граѓаните на Србија ја гледаат сегашната администрација во Белград и медиумите блиску до неа како главни извори и промотери на оваа ориентација.
Неспорно е дека Кремљ, исто така, го има забележано овој тренд, кој можеби го смета за неповолен, но сосема реален. До пред неколку години, присуството на различни облици на руско влијание се зголемуваше во земјата, или преку нелегални средства (што вклучуваше широка кампања базирана на фабрикувана историја и лажни наративи за традиционални добри односи) или како малигно влијание. Ова беше условено со енергетската зависност и фактот дека Русија, како Кина, има свое мислење кога се работи за статусот на Косово поради Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност при Обединетите нации – според која мисијата во Косово предводена од НАТО (КФОР) дејствува, без разлика дали тоа на Белград му се допаѓа или не.
Србија е единствената земја во Западен Балкан која мнозинската сопственост над индустијата за гас и нафта ја предаде во руски раце, за време на претходната администрација. Оваа состојба ѝ обезбеди простор на Москва да изгради невообичаен голем сектор на приватно обезбедување (де факто под контрола на друга земја) што има влијание врз заштита на критична инфраструктура во Република Србија. Моска мошне вешто го искористува ова, користејќи ги траумите од НАТО бомбардирањето за водење на долгогодишна кампања на дезинкормации што ја спроведува преку локалниот медиум Спутник, со практично нула спротивставување, што се повеќе очигледни дека не се во интерес на Србија. Сегашната српска администрација има мала можност да ја промени оваа ситуација одеднаш, барем додека прашањето за статусот на Косова останува отворено, што е очигледно намерата на Москва.
Неодамнешните аранжмани во однос на увозот на оружје од Русија се делумно последица на притисокот на Москва врз Белград. Во последно време, Белград се обидува да го диверзифицира увозот на оружје со ризични набавки од Кина, кои можат да бидат штетни иако претставуваат замена за руското оружје. Меѓутоа, Вучиќ не ја исклучува можноста за набавка на борбени авиони од САД, покрај веќе финализираната набавка на француските Мистрал системи.
Премиерката Ана Брнабиќ објави во септември дека Србија се подготвува да набави значителна количина на одбранбена воена опрема од Израел, истовремено потсетувајќи на континуираното зајакнување на срско-израелските односи. Ова претставува уште еден пример за српската надворешно-политичка ориентацијата кон политичкиот Запад – што повторно неоправдано помина незабележано кај западните креатори на политика и коментатори.
Србија, исто така, се приклучи на декларацијата за претседателските избори во Белорусија, која Европската унија ја усвои на 11 август и во која се вели дека граѓаните на Белорусија „покажаа желба за демократска промена“ за време на изборната кампања, но дека „изборите не беа ниту слободни, ниту фер“.
Значајно е тоа што во текот на изминатите неколку години Србија успеа значително да намали дел од штетното руско влијание – не само во Србија, туку и низ целиот регион на Западен Балкан. Со години, дестабилизирачкото влијание како и хибридните дејства на Кремљ, беа артикулирани преку неговите силни врски со политичките претставници на Србите во Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, а потиа и Македонија. Сергеј Железњак, поранешен висок претставник на „Единствена Русија“ на Путин и член на Руската Дума, беше одговорен за контакти со сите горе-наведени партиски структури. Меѓу другите работи, тој се залагаше за создавање на заедница на воено-неутрални земји во регионот во време кога веќе беше јасно дека Македонија ќе се приклучи на НАТО и кога Црна Гора веќе беше членка на Алијансата. За среќа, планот не успеа, делумно поради сегашното водство на Србија и напорите на Вучиќ да ги замени врските на овие партии со Русија со посилни со официјален Белград.
Во текот на тешки но одлучувачки состаноци во Вашингтон со делегации на владата на САД и Приштина, Вучиќ се сретна со Милорад Додиќ – долгогодишен лидер на ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина и моментално член на трипартитно претседателство (кој исто така е близок со Владимир Путин). И покрај скандалозниот обид на Додиќ да ги истовети статусот на Република Српска со тоа на Косово, Вучиќ и Србија не подлегнаа.
Позиционирањето на Белград како природен центар за артикулација на легитимните прашања за културните и други загарантирани права на Србите кои живеат низ регионот, оттука не треба да се гледа како нов проект на „Големосрпска националистичка хегемонија“, ниту пак како политичка војна на Вучиќ против регионот, како што многу неосновано, но намерно, сугерираа. Наместо тоа, е еден вид на заштитен бедем за спречување на руското дестабилизирачко влијание, како што потврдуваат резултатите од скорешните избори во Црна Гора.
Неколку партии од новата победничка коалиција во Црна Гора имаат врски со Белград и соработката се одвива преку легитимни канали. Белград поддржува локални невладини организации во Црна Гора кои ги адресираат истите тие прашања релевантни за Србите и Српската православна црква што се отворено поддржани од страна на партиите на победничката коалиција, која веќе е признаена и прифатена од страна на претставници на ЕУ.
Клучното прашање е несоодветната легислатива во однос на правниот статус на верските заедници, која јасно дискриминира против Српската православна црква. Наместо да се осуди ваквата нелиберална пракса, која оди против трендовите на современите демократии, слично на трендовите што повторно се појавуваат во Косово каде српското културно и верско наследство е загрозено на различни начини, многу западни креатори на политики и стручни лица премижуваат. По повеќемесечните мошне мирни масовни протести против ваквата легислатива, соочени со арогантен начин на кој претходните власти ја оправудуваа со користење на историски заблуди, легитимното незадоволство резултираше во изборниот пораз на владеачката партија.
Новата победничка коалиција во Црна Гора вети дека ќе го зајакне владеењто на правото за сите, вклучувајќи и за српските православни верници и дека ќе го повлече контраверзниот закон. Ова секако значајно ќе придонесе во смирување на атмосферата и во намалување на руското влијание во ова чувствително време. Оваа коалиција, исто така, вети дека ќе ги поддржува сите меѓународни обврски на Црна Гора (однодно, обврски кон членството во НАТО и признавање на Косово). Прашање е како ситуацијата ќе се одвиваше доколку Москва останеше да биде главен спонзор на овие политички структури и доколку Вучиќ постепено не ја сменеше парадигмата.
Тековните активности на Москва кои се одвиваат против сегашната администрација во Белград, што се одвиваат или зад нејзиниот грб или директно и отворено, кои секако не наидуваат на политика на „отворена врата“, се најзагрижувачки. Тие се извршуваат преку безбедносниот систем и од страна на оние кои размислуваат про-Кремљински и од страна на длабоко компромитирани синдикати на војската и полицијата. За време на последните насилни немире во Србија, нивните лидери, со блиски врски до голем број улрадесничарски руски организации и активисти, кои исто така присуствуваа и поддржуваа митинзи, повторно го продолжија своeтo долготрајнo заговарање со лидери на мали опозициски партии и оние кои ги бојкотираа последните избори без никаква валидна причина. Еден од нивните стандардни извици на митинзи е дека било каков договор помеѓу Белград и Приштина би било „предавство“ и дека доколку тоа се случи, безбедносните сили „би требало да ги земат работите во свои раце“. Загрижувачки е тоа што западни влијателни аналитичари кои наводно се експерти за Балканот, лажно го тврдат спротивното, и покрај бројните докази од отворени извори и изјави.
Како што беше спомнато, немирите беа организирани од страна на отворено про-Кремљ структури собрани околу Млаѓан Ѓорѓевиќ, човек со силни врски со Москва и еден од клучните финансиери на наводно продемократската опозиција на Србија. Меѓу другот, тој го посети окупираниот Крим, иако српската администрација поддржува целосен терироријален итегритет на Украина.
Пред насилните протести есента 2019 година, беше откриено дека активен член на руската разузнавачка заедница подмитувал член на српската војска. Ниту Кремљ, ниту Белград можеа да ја одрекнат ваквата афера за шпионажа. Руската амбасада во Белград и руското Министерство за надворешни работи безуспешно се обидоа да ги заплашат аначитичките организации и да извршат директен притисок врз медиумите на друга суверена држава да го негира целиот неоспорен доказ за трагите на про-Кремљ во насилните демонстрации во Србија. Немирите за среќа беа краткотрајни, бидејќи не претставуваа одраз на длабоки поделби и незадоволство од сегашната влада” како што лажно се тврдеше, туку обид за насилно спротивставување на изборните резултати, што даде дополнителен легитимитет на сегашната администрација и да го запре нејзиниот тек на зајакнување на односите со САД. Во текот на зимото 2019-2020 година, на овој обид му претходеше напорот на Москва, малку забележан на Западот, да го испрати Евгениј Примаков, новиот директор на државната агенција Россотруднучество, да го убеди Вучиќ да формира преодна влада со гореспоменатите про-Кремљ опозициски структури. Ова секако беше одбиено.
Во однос на горенаведеното, очигледно е дека Белград не игра на картата на обвинување на Москва само да му се допадне на Западот, воопшто или особено во однос на преговорите со Косово, како што неосновано многу често се обвинува па дури и намерно, особено сега за време на мошне важните состаноци во Вашингтон и Брисел, каде Белград и Приштина се обидуваат да ги нормализираат односите. Наместо тоа, Белград се соочува со многу реална закана од Москва на која не може адекватно да одговори самостојно во моментот.
Во период на интензивни напори од страна на сегашната американска администрација, заедно со напорите на ЕУ да се постигне сеопфатен мултидимензионален компромис помеѓу Белград и Приштина, а кој би можел да го држи Белград поцврсто закотвен во политичкиот Запад, може да се очекува рускиот дестабилизирачки притисок врз Србија само да ескалира. САД можат да играат клучна улога во намалување на руското влијание во Србија и Западен Балкан, кои самостојно немаат соодветни механизми за тоа.
Ова може да се постигне со интензивирање на стратешка соработка со други големи сили, понатамошно зајакнување на соработката во одбраната и безбедноста со Србија, како и преку веќе изразена поддршка од различни американски агенции и чекори на терен за воспоставување на регионална мини Шенген зона која би го олеснила движењето на луѓе, стока, услуги и капитал и други економски и инфраструктурни проекти, за кои се чини дека и ЕУ се согласува, но и преку поддршка на договори помеѓу Белград и Приштина. Ова секако би било во интерес на Србија, целиот Западен Балкан, САД, но и ЕУ.
Јелена Милиќ е Директор на Центарот за евро-атлантски студии (CEAS), независен тинк-тенк со седиште во Србија.
Извор: neweasterneurope.eu
превод: Наташа Цветковска