На прашањето на ЦИВИЛ Медиа „Каква Македонија сакате?“, анкетираните граѓанки и граѓани имаа поделени ставови. И додека некои сакаат да имаа држава која ќе е просперитетна, богата, во мир и благосостојба и ќе влезе во ЕУ и НАТО, дел од нив сакаат „чиста Македонија“, „Македонија на Македонците“ и без влез во ЕУ и НАТО.
„Сакам поцивилизирана, покултурна, да функционираат институциите, да е правна Македонија, со нормално образование и здравство… да влезе во ЕУ и НАТО“, изјави еден од соговорниците.
„Македонија независна и самостојна, Македонија на Македонците и точка, нема понатаму што да зборуваме. Тоа е историската вистина. Кој сака да ја менува тој оди против историјата, против светот, против човештвото… Само некому не му е јасно. На многу не им е јасно, па има луѓе и во власта што не им е јасно. Лоша работа, ама како поминува времето ќе се излечи“, објасни еден граѓанин.
„Македонија во моментот е во најлоша состојба. Силувана е од сите страни“, одговори една од соговорничките.
„Јас би сакал уште утре, но можеби за 10 или 15 години, реално би била подобра Македонија од ова што е сега“, истакна еден од анкетираните граѓани.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов