• Latest

Каква е поставеноста на командниот кадар во АРМ?

March 31, 2018
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Каква е поставеноста на командниот кадар во АРМ?

March 31, 2018 13:22
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Врз основа на добиените сознанија и објавените текстови од експерти на порталот ЦИВИЛ Медиа, во неколку колумни и написи до сега, беа изнесени многуте нелогичности и неправилности во унапредувањето и поставувањето генералите во АРМ.

Пишува: Зоран Џамбаски

Едно од поставените прашања до претседателот на РМ, од страна на ЦИВИЛ- центар за слобода, објавено на 15.03.2018 година, беше за условите за  унапредување и поставување на бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, на којшто највисока должност која ја извршувал му била командир на батерија.

Истиот е поставен за командант на здружено-тактичка единица, за која треба поголемо познавање и пракса за успешно командување и употреба на единици од овој ранг. Во исто време, старешини кои „израснале“ на сите должности во истата бригада и нејзината команда и кои имаат  организирано и изведено повеќе тактички вежби, за кои биле оценети со многу високи оценки од страна на претставници и оценувачки тимови од НАТО, или се тргнати настрана или се пензионирани.

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, во повеќе написи, беше споменуван за секс скандали, мобинг, како и во функционирањето воопшто. Во поставувањето на командниот и раководниот кадар во АРМ, се раководи од својата партиска определеност, притоа не почитувајќи го член 47 од Законот за одбрана. Дали Величковски сака да каже или кажува: „АРМ, тоа сум јас“, па така по некои свои критериуми и ги поставува своите блиски на клучни места во ГШ, како и командантите и раководителите во потчинетите команди и единици. Тоа во голема мера негативно влијае на моралот кај потчинетите во командите и единиците, што негативно се одразува и претставува проблем и при извршувањето на работните задачи кај истите.

Францускиот крал Луј XIV, рекол: „ l’État, c’est moi“, „ Државата тоа сум јас“, но на крајот на владеењето рекол: “Je m’en vais, mais l’État demeurera toujours“, „Јас заминувам, но државата секогаш ќе остане”.  Што ли ќе каже генералот Величковски?

Но има и други прашања во врска со неправилностите при поставувањето на високи старешини на должности во командите и единиците на АРМ, кои јавноста треба да ги знае, а за кои решава НГШ, генерал Методија Величковски.

КРС=Команда за Резервни Сили. Со одлука на претседателот на РМ, за формирање на оваа команда во 2015 година, за пополна на истата, НГШ, генерал Величковски, лично изготвил список на старешини кој на која должност да биде поставен и дал задача да се изготват наредбите за поставување. За командант на КРС се поставува најмладиот полковник, Ќиро Калков, кој што во чинот полковник е неполна година, а најголема должност му била командант на баталјон (не ги исполнува сите критериуми од оценувањето од член 52 од Законот за служба во АРМ).

Поискусните старешини, кои во својата кариера извршувале повисоки должности од Калков (заменици на команданти и команданти на бригади, Главен инспектор во Здружена оперативна команда, биле воено дипломатски претставници на РМ итн.) се поставуваат на пониски должности.

За заменик ме поставија мене, во тоа време бев осум години во чинот, имав извршувано многу повисоки должности, на 4-та позиција во КРС се поставува полковник Зоран Јовановски кој, покрај извршувањето на повисоки должности, е и доктор на науки од областа на одбраната, итн. Со поставувањето, кај старешините се јавува незадоволство, револт, бидејќи, покрај другото, имаат и финансиски импликации, односно платите им се намалени по 2-4.000 денари, а на некои и повеќе.

Поради тоа, поднесуваат жалби на наредбите за поставување, а до Комисијата за решавање во управна постапка во втор степен од одбраната на Владата на РМ, но бидејќи им се одговара негативно, еден дел од нив поднесуваат и тужби и почнува судска постапка која трае и ден денес. Во текот на постапката, судот бара увид во Формацијата за КРС, да се увери дека поставувањето на старешините е според актот на формацијата. При тоа се востановува дека Формацијата на КРС не е потпишна од страна на Врховниот командант на ВС, претседателот на РМ, што значи дека истата не важи.

И сега почнува истрагата кој е крив. Нормално „рибата смрди од главата, но се чисти од опашката“. Последен во синџирот на изработката на формацијата е полковник Митко Саралиев и тој мора да е крив.

Од страна на ГШ се поведува иницијатива за водење на дисциплинска постапка против полковник Митко Саралиев, дека не кажал дека формацијата на КРС не е потпишана, па така персоналот од ГШ, не знаејќи за непотпишаноста, ги изготвил наредбите за поставување на старешините во КРС.

Во текот на постапката, комисијата, предводена од мене, ги разгледува изјавите на сведоците сослушани во иницијативата, во кои што е наведено дека НГШ, генерал Величковски директно му издавал наредби и насоки на полковник Саралиев  (прескокнувајќи две скалила во системот на командување, Директорот на ГШ, генерал Димче Петровски и началникот на Ј-5 ). Во исто време кога на Саралиев му издал насоки за работа на формацијата, генерал Величковски на шефот на Кабинет му го дал списокот на старешини за поставување во КРС, а овој ги предал на началникот на Ј-1, Секција за управување со персонал, да ги изготви наредбите за поставување. Началникот на Ј-1 од Шефот на кабинет на НГШ ја бара книгата на формација на КРС, на што од шефот на Кабинет добил одговор дека сѐ уште се работи на формацијата и дека ја имаат во електронска форма, но не и тврда копија.

Овие дејствија се одвиваат на 7 и 8 октомври 2015 година, а наредбите за поставување се потпишани на 9 октомври 2015, што говори дека инволвираните во изработката на наредбите знаеле дека формацијата не е потпишана.

Согледувајќи го горенаведеното, комисијата за водење на дисциплинска постапка оцени дека нема одговорност на лицето и предложи  запирање на постапката.

Со ова е повредена суетата на НГШ, кој силно бил решен полковникот Саралиев да биде казнет.

 


Авторот е полковник во пензија.

Tags: АРМАрмијавоени силивојскакомандаМинистерство за одбранаНГШодбрана
Share59TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ