поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
На Македонија не ѝ е потребна влада со тие што пет години не дозволија да се спроведе скоро ниедна реформа предложена од групата на Прибе, во која, не случајно, имаше и познат италјански инспектор за борба против мафијата.
Со тие што сакаат да се спасат од долгогодишниот криминал, корупција и неморал, откриени со нелегално прислушуваниот материјал, како сведоштво на масовна злоупотреба на пари и моќ од мафијата облечена во власт.
Со тие, за кои во обвинителството лежат отворени предмети, како сомничени, обвинети или со првостепена пресуда осудени.
Со тие што не дозволија да се измени изборниот модел по барање и на ЕУ и ОСБЕ ОДИХР.