• Latest
Ерол Ризаов

Какви промени ќе донесат изборите

August 29, 2023

Ниту по 34-ти пат не успеа да се конституира косовското собрание

June 19, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Десетици европратеници ќе присуствуваат на Прајдот во Будимпешта, пркосејќи му на Виктор Орбан

June 19, 2025
Фото: веб-страницата на претседателот на Украина,

(ВИДЕО) Зеленски оддаде почит на загинатите во рускиот напад врз Кијив

June 19, 2025
Газа (фото извор: Wikimedia)

Конфликтот на Израел со Иран не ја заврши војната во Газа

June 19, 2025
фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Сејат смрт, жнеат поделби – граѓаните поделени околу Иран и Израел

June 19, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ МИЈАЛКОВ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто граѓаните треба да ги платат адвокатите на Мијалков?

June 19, 2025
Владимир Путин (Wikimedia Commons)

Путин условува: Ќе се сретне со Зеленски ако Западот „престане да ја притиска“ Украина да се бори

June 19, 2025

Британскиот главен обвинител предупредува дека приклучувањето кон војната против Иран може да биде нелегално

June 19, 2025
Трамп одговара на повеќе прашања од новинарите пред да полета со „Ер Форс Уан“. Фото: 
Forbes Breaking News

Трамп се соочува со негодување од МАГА базата поради можниот напад врз Иран

June 19, 2025

Со завршен збор на одбраната, продолжува судењето против Мерко за поставувањето директори на четири училишта

June 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Какви промени ќе донесат изборите

Изборите можат да бидат решение за иднината на Македонија само ако формираат влада проевропски ориентираните партии. Опозицијата не само што не дава гаранции за тоа, туку ја носи државата во неизвесност

August 29, 2023 17:22
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СТАВОВИ, ТОП 5
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ РИЗАОВ

Можат ли ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да го поднесат товарот на вината ако ги прекинат отпочнатите преговори со ЕУ и ја донесат во неизвесност европската иднина на Македонија. Дали може за едно такво досега невидено мирновременско злосторство врз својата татковина и народ да останат неказнети од граѓаните. Се разбира, дека може. Тоа сме го виделе повеќе пати.

Уште отсега прстот на долгата рака на ВМРО ДПМНЕ е вперен во политичките противници дека тие ќе бидат виновни и ќе сносат одговорност што Македонија не може да ги продолжи преговорите со ЕУ бидејќи немале 80, туку само 73 пратеници кои ќе гласаат „за“ Европа.

Секогаш за оваа единствена во Европа легална политичка партија која во своето име го содржи зборот „револуционерна“ , се виновни другите, домашните предавници и надворешните непријатели. Тоа е познатата доктрина на политички и идеолошки недефинираната партија, која еден ден е на бранот на екстремната десница, за утредента да биде од лево по лево во зависност дали им треба патриотизмот како погонско гориво за палење на масите, или „комунизмот“ за револуционерни исчекори во борба против предавниците кои ги продаваат националните интереси и македонскиот идентитет. А, на секои пет минути викаат „држете го лоповот“.

Повеќе од јасно дека врвот на ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не прифаќаат ниту еден аргумент и ниту едно укажување од било кого во светот, дури и од пријателите и сојузниците дека Македонија може многу да загуби ако сама ги блокира почнатите преговори. Таа своја тврдокорност ја претставуваат како херојство бидејќи се толку храбри што можат да ја влечат за уши и Америка и Европа и сите наши пријатели и добронамерници. Демонстрираат големо јунаштво против пријателите на сметка на иднината на сопствената држава.

Да беше вистински лидер Мицкоски…

Долго време ВМРО ДПМНЕ ја тестираше владата со ултиматуми за кои Мицкоски беше убеден дека ќе бидат одбиени. Но, кога беа прифатени сите барања на ВМРО ДПМНЕ почнувајќи од брзи предвремени избори, до влез на ВМРО ДПМНЕ во владата наместо ДУИ само да се донесат уставните промени, брзо се откри евтиниот блеф: Ништо не важи од она што до вчера го баравме, не важи ни тоа што пред еден час го предложивме, останува само брзи предвремени избори како единствен услов. А, што ќе правиме потоа, ќе сооштиме кога ќе дојдеме на власт.

Да беше вистински лидер Мицкоски ќе ги отстранеше тие од партијата што го притиснаа да го смени својот компромисен став и ќе ја докажеше својата и на партијата европска ориентација. Таа остана да виси без категорична потврда со папагалската парола – и ние сме за Европа- која се употребува како чукање празна слама.

Ете, тоа е трагичниот исход на сите досегашни активности и на огромната енергија и скапоцено време залудно потрошено да се прифатат аргументите на здравиот разум и на државните и национални интереси. Што уште преостанува што може да биде решение за излез од ваквата пат позиција која оди на огромна штета за иднината на државата. Да видиме колку предвремените избори ќе помогнат, или ќе им се удрат од глава на тие што само во тоа гледаат единствен спас.

Да, изборите можат да бидат решение за иднината на Македонија само ако формираат влада проевропски ориентираните партии. Опозицијата не само што не дава цврсти гаранции за тоа, туку ја носи државата во дестабилизација и непредвидливи ризици.

Најдоброто решение е само тоа кое покрај уставните измени ќе овозможи консензус меѓу релевантните политички партии за сите тешки реформи и промени во македонското оптштество што треба да се случат во наредните десетина години. ВМРО ДПМНЕ за тоа има отворена понуда која упорно се одбива.

Затоа активностите на движењето за европска Македонија треба да се насочени за широка надпартиска граѓанска поддршка.

Победата на праведната страна на историјата на едни такви избори би означило дефинитвен пораз и силен удар врз сите деструктивни сили кои со својот лажен патриотизам направија пустош во свеста на илјадници граѓани жртвувајќи повеќе генерации. Ако мнозинството граѓани не ја прифатат таа припадност на Европа, тогаш, барањето на вина кај другите ја губи смислата и може да служи само за внатрешни пресметки и враќање на режимот на Никола Груевски.

Што ќе донесе победата на ВМРО ДПМНЕ

Во вакви околности какво решение може да донесе победата на ВМРО ДПМНЕ. Свесен дека не можат да се одбегнат уставните промени и дека се можни било какви други промени од она што е договорено Христијан Мицкоски само колебливо и нејасно навестува веднаш по „победата“ на изборите дека првата работа ќе му биде да се донесат уставните промени, некакви божем поповолни решенија во односите со ЕУ и соседите. Притоа не се смета на можноста и по предвремените избори ниту една коалиција да нема двотретинско мнозинство во Собранието. Во тој случај ќе ги слушаме истите аргументи кои сега се упатени до ВМРО ДПМНЕ и коалиционите им партнери.

Разликата ќе биде во тоа што тогаш на единство и консензус за уставни промени и за европската иднина на Македонија ќе повикува ВМРО ДПМНЕ, а не СДСМ . На Мицкоски се уште му е рано да признае дека ќе бидат излажани и сите оние кои уште веруваат дека по победата на ВМРО ДПМНЕ на изборите ќе биде сменета преговарачката рамка со ЕУ и Договорот за добрососедство со Бугарија.

Мошне прикладна и политички прагматична беше реториката на премиерот Кирјакос Мицотакис по падот на владата на премиерот Алексис Ципрас на изборите во Грција. Иако Мицотакис на Грците им ветуваше дека по освојување на власта ќе го поништи Преспанскиот договор како катастрофален за грчките национални интереси, тој уште првиот ден по седнување на премиерската фотелја рече дека иако е лош договорот , ќе мора да се прифати. Истото може да го каже и Мицкоски, ако успее да стане премиер, дека склучените „лоши“ договори со Бугарија и со Грција, изгласани во Собранието и меѓународно прифатени, не можат да се менуваат и тука нема што повеќе да се прави. Но, секојдневните различни изјави ја прави сосема неизвесна позицијата на ВМРО ДПМНЕ.

Со сигурност може да се каже дека ќе бидат излажани и тие што веруваат дека ќе биде поништен, или значајно сменет Преспанскиот договор. А, не помалку ќе бидат разочарани и тие што се надеваат дека конечно албанските партии во Македонија ќе бидат застапени онолку колку што ќе одреди демократскиот кантар на ВМРО ДПМНЕ.

Лесно прочитлива и тенка е партиска стратегија кога Македонија влегува во цајтнот е дека сето ова може да се прикрие со пропаганда и да се прикаже лажно како голема победа дека наводно со Бугарија ќе се постигне подобар договор. При тоа најмалку се зема предвид тоа на што не предупредуваат тие што подобро ги знаат големите геостратегиски промени што ќе уследат.

Што ако одолговлекувањето со уставните промени и прекинот на преговорите со ЕУ станат безначајни за интересите на Европа и на Америка. Претстојните избори за Европскиот парламент и за високата администрација на Брисел сосема очекувано може да ги насочат интересите целосно кон Украина и Молдавија, а западен Балкан да се остави да се дави во своите замрсени работи кои ни Господ не може да ги одмрси.

Со влезот на Албанија и на Црна Гора можат да се затворат вратите на ЕУ во наредните неколку децении. Залудна би била одговорноста во таков случај на кој било во државата. Да се сочува „јаболкото на раздорот“ кое е историско неминовно решение за стабилен Балкан може лесно да прерасне во својата спротивност – да се подели јаболкото за мир на Балканот.

Линк до текстот во Дојче веле ТУКА

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    511 shares
    Share 204 Tweet 128
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    226 shares
    Share 90 Tweet 57
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ