• Latest

Калеши: Нема да излезам од домот, нема каде да одам!

July 24, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Калеши: Нема да излезам од домот, нема каде да одам!

July 24, 2017 21:46
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Љавдие Калеши е жртва на поплавите минатата година. Нејзината куќа е целосно руинирана и оштетена од надојдената вода. Фотографиите сведочат дека во неа нема услови за живот. Институциите им понудиле сместување во Државниот студентски дом „Томе Стефановски – Сениќ“. Отука започнува нејзината приказна…

Љавдие, нејзината мајка и баба Благојна се единствените што останаа од повеќе од 250 граѓанки и граѓани што биле сместени во студентскиот дом. Според нејзините зборови, помошта најпрвин стигнала од надлежните од Месната заедница во Инџиково кои ги сместиле во домот, бидејќи имал подобори услови од другите прифатни центри.

Поради усната забрана од директорот Љуљзим Џемаили, на новинарската екипа на ЦИВИЛ Медиа не ѝбеше дозволено снимање внатре во просториите каде што живее Љавдие.

Новинарите на ЦИВИЛ Медиа дури беа и претресени на влезот во објектот!

Во разговорот што го водевме во просторијата каде живее, без камера, поради забраната на директорот, Љавдие ни рече дека рокот за иселување е поминат (15 јули), а трите жени се во неизвесност кога ќе им тропне полиција на врата, како што рекол директорот – како последна мерка, доколку доброволно не си заминат.

„Тука сме во една соба, а сега, и водата ни ја исклучија, еве, веќе 12 дена без топла вода и пет дена без вода за пиење“, ни изјави Љавдие Калеши.

Речиси сите институции се запознаени со нивниот случај, владата, старата, но и новата, и премиерот Зоран Заев, Народниот правобранител, Министерството за труд и социјална политика, Општина Гази Баба, како и повеќе граѓански организации што се обиделе да им помогнат.

Во продолжение на сторијата, ЦИВИЛ Медиа утре ќе објави интервју со директорот на студентскиот дом, Љуљзим Џемаили.

 

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Tags: интервјуИнџиковопоплавистудентски домЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ