Во знак на протест против Преспанскиот договор, грчкиот министер за одбрана Панос Каменос поднесе оставка.
Оставката на Каменос ја доведува во прашање иднината на владината коалиција на неколку месеци до парламентарните избори во Грција.
Каменос, чија десничарска партија Независни Грци ја поддржува владата на Алексис Ципрас од 2015 година, од старт се спротивставуваше на договорот што Атина и Скопје го потпишаа минатата година.
„Проблемот со името Македонија не ми дозволува да не ја жртвувам министерската функција“, изјави Каменос по денешниот состанок со Ципрас.
Изборите во Грција се закажани за октомври. Моментално, коалицијата на Ципрас има 153 пратеници во парламентот кој брои 300 места.
Откако Собранието на Република Македонија на 11 јануари ги усвои уставните измени согласно Договорот од Преспа со кои името на земјата е Република Северна Македонија за севкупна употреба, со признати македонски јазик и македонска националност, грчкиот Парламент треба да го ратификува Договорот, со што ќе се деблокира постапката за влез на Македонија како 30. членка на НАТО.
М. И.