„Сè е лага, борба за власт и за фотеља… Како може Албанците да се соединат во една партија, а овие не можат“, вели еден граѓанин во Скопје, на прашањето на ЦИВИЛ Медиа: Каков е неговиот впечаток од првиот ден од изборната кампања?
Друг анкетиран граѓанин вели дека, како и на сите останати избори, има многу дилеми и размислувања. Тој додава дека не му се допаѓа тоа што има премногу кандидати за градоначалници.
Меѓу денешните соговорници на ЦИВИЛ Медиа, имаше и граѓан(к)и кои одговорија дека не се заинтересирани за политичките случувања во државата.
„Немам време за тоа“, „Не ни гласам, не ме интересира“, „Не ни гледам што прават политичарите“…, се само дел од одговорите на скопјан(к)и.
Еден граѓанин вели дека добро е што на оваа изборна кампања, барем на почетокот, политичарите не користат погрдни зборови. „Добро е досега нема никакви проблеми, се надевам дека и до крај ќе биде вака мирно“, додава тој.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента