• Latest

Кампања „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“: Со симболот на љубовта се бориме против говорот на омраза

May 14, 2022

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Кампања „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“: Со симболот на љубовта се бориме против говорот на омраза

May 14, 2022 16:59
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА
Share on FacebookShare on Twitter

Борбата против говорот на омраза е неопходна во нашето општество, и е должност на секој граѓанин, кој како единка има исклучителна важност и значајна улога против дискриминацијата и обезбедување слободно и разновидно општество, е главната порака на заедничката кампања на Европската Унија и Советот на Европа „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“, пренесува МИА.

Розите како симбол на љубовта и хармонијата, пак, беа главна тема на оваа активност која на едно место ги собра младите активисти, Младите Европски Амбасадори, дел од Амбасадорите против говор на омраза и поддржувачите на кампањата. Иницијатива има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните за различните форми на говор на омраза и дискриминација кои се насочени кон одредени заедници и поединци, како и да промовира различни начини за борба против говорот на омраза, пред сè преку ширење позитивни пораки за прифаќање и почитување на различностите, преку симболично „споделување на љубовта“ со црвени рози.

-Говорот на омраза којшто е изразен во, низ и кон медиумите и новинар(к)ите е особено проблематичен и општеството и сите негови чинители мора да преземат сериозни мерки кон ова, зашто на тој начин, ваквата појава само се пренесува постојано од уво в уво и тоа е причина за нејзино држење во живот, но и проширување. Особено внимание треба да се обрне на говорот на омраза кој е насочен кон новинарките и медиумските работнички, зашто токму овој родов аспект на говорот на омраза ни покажува каде сè ние треба да се посветиме во оваа желба за блокирање на омразата, а споделување на љубовта, истакна новинарот и Амбасадор против говор на омраза Огнен Јаневски.

Денис Јанкуловски, медицински работник, добитник на наградата „Европеец на годината“ за 2021 година и Амбасадор против говор на омраза, смета дека говорот на омраза последниве години, за жал, зема сè поголем замав, премногу лоши зборови излегуваат на површина.

-Тој говор е застапен речиси во секоја тема, насекаде. Невнимателно избраните зборови и тоа како знаат да влијаат врз оние кон кого се насочени, дури и неверојатно е дека постојат такви зборови. Затоа ние мора секојдневно да бидеме што погласни во препознавањето, осудувањето и потиснувањето на овој говор и нашиот глас да биде слушнат. Треба да укажуваме дека многу поубаво секој ќе се чувствува кога говорот ќе му биде исполнет со убавини, со пријатни зборови, со почит кон секого, без разлика што не се согласуваме во некои ставови и размислувања, истакна Јанкуловски.

Лејла Д ервишагиќ, раководителка за оперативно работење на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје истакна дека преку оваа кампања посакуваат да бидат поблиску до граѓаните и да ја испратат пораката дека љубовта е алтернатива на омразата.

-Сите можеме да се бориме против говор на омраза преку споделување на нашите заеднички европски вредности како толеранција, почит кон останатите, љубов и посветеност кон тоа да живееме во општество без омраза, вели Дервишагиќ.

Кампањата за подигање на свеста „Блокирај ја омразата; Сподели ја љубовта“, се спроведува во земјава од декември 2021 година, а е проширена и „онлајн“ преку веб-страницата и каналите на социјалните медиуми, како и преку разни отворени јавни настани. Кампањата вклучува истакнати јавни личности, институции и реномирани активисти за човекови права, кои промовираат разлноликост и еднаквост во локалните заедници и во регионот, преку лични приказни, сведоштва и размена на добри практики.

Кампањата е дел од проектот „Промоција на разноликоста и еднаквоста во Северна Македонија”, во рамки на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022″, финансирана од Европската Унија и Советот на Европа.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ