Categories

ГРАЃАНСКИ ОБЈЕКТИВ Кањонот Матка го чистеа туристи

Кањонот Матка вчера околу 16 часот беше исчистен од туристи, претежно од скандинавските земји, јавува граѓанскиот новинар Риад Реџепи.

„Враќајќи се назад од нивата рута, туристите извадија ќеси и до рестораните долу го исчистија сето ѓубре. Потоа продолжија да го чистат просторот до браната. Лично и самиот се засрамив, затоа што ние сите останати поминавме по истите патеки зборвуајќи за избори несвесни за околината и ништо не направивме. И додека сите ние се занимаваме со претседателски избори, туристите, уште еднаш, ни одржаа лекција. Можеби изгледа како ситница ама се работи за најбитната работа за сите нас, оддржување на животната средина“, изјави Реџепи како појаснување на приложените фотографии.

Б. Ј.

Print Friendly, PDF & Email