• Latest

Кариман: Наместо едно општество за сите, се продолжи со етничка агенда

January 17, 2019

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кариман: Наместо едно општество за сите, се продолжи со етничка агенда

January 17, 2019 16:54
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„2018 би ја опишал како парадоксална година. Декларативно, работите звучеа поинаку отколку во пракса. Се започна иницијатива за градење на едно општествоза сите, меѓутоа продолжи да се бутка етничката агенда. Сè се сведе на политизирања, пазарења, поддршка за одредени реформи и промени како уставните измени… Како припадник на ромската етничка заедница не сум баш задоволен од тоа што се случуваше во 2018 година, бидејќи не добивме многу внимание и улога во процесите што се одвиваа во државата“, изјави Акиф Кариман од здружението Романо Авази, Тетово, во разговор за ЦИВИЛ МЕДИА за Перспективи 2019.

Кариман се осврна и на иницијативата за владиниот проект „Едно општество за сите“, сметајќи дека во таа стратегија постои можност да им се даде приоритет на помалите етнички групи, но и дека Македонија е далеку од постигнување на вакво општество.

„Помалите заедници во Македонија не се доволно гласни. Исто важи и за мене. Од друга страна, ниту самите обликувачи на јавното мислење, пред сè, мислам на медиумите, не даваат можност на помалите заедници да добијат време во тие медиуми, за да ги споделат своите ставови и маки… Мислам дека е крајно време политичките елити да преземат чекори за позагрозените заедници. Не мислам само на Ромите. Мислам на сите оние подгрупи, условно речено заедници под 20%, меѓутоа, можеме да направиме и поинакви групирања, сиромашни и богати, вработени и невработени итн. И тука ќе видиме дека гапот е многу поголем меѓу ромската заедница и останатите заедници, а тоа не е во интерес на државата“, изјави Кариман.

Што се однесува до 2019 година, Кариман се надева дека ќе има вработувања на групите што имаат помала застапеност во јавните институции и поголеми средства за унапредување на статусот на овие заедници.

„Имаме добри политики, имаме стратегии, препораки, но треба да се вложи во нивно имплементирање. За една година не можат да се случат чуда. Сепак, 2019 нека биде тест година каде ќе се покаже дека работите навистина одат на подобро“, рече Кариман.

Биљана Јордановска
(текст, камера, монтажа, фотографија)

Share38TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ