„Така наречениот премин на САД кон исток и оддалечување од трансатлантските односи не е нешто ново. Не треба да бидеме изненадени од она што се случува со Доналд Трамп, но ние како Европјани не треба да бидеме изненадени за тоа, бидејќи ова оддалечување од трансатлантските односи, од Европа, не е нешто ново“, изјави Роџер Касале, Нов европски народен форум во воведното обраќање на меѓународната конференција „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“.
„Мислам дека во Европа понекогаш сме го земале трансатлантскиот однос здраво за готово. Ова отстапување од стабилноста на трансатлантските односи со Соединетите Држави и преминувањето кон исток не е нешто ново, иако тековната манифестација навистина е длабоко шокантна и вознемирувачка, но ова “пивотирање” не е нешто ново. Така што ние во Европа имаме амбиција да се обединиме, да станеме посилни и независни од Соединетите Држави и повторно, тоа не е ново, тоа е стратегиска амбиција, нешто што сакаме да го видиме, но постои јаз помеѓу таа амбиција и реалноста и не треба да имаме никакви илузии за тоа колку голем е тој јаз. Имаме потреба да имаме силни и отпорни демократии ако сакаме да бидеме безбедни од воен и економски аспект“, истакна Касале.
Б. Ј.