Претседателот на БЕСА, Биљал Касами го исклучи досегашниот генерален секретар на партијата, Кастриот Реџепи од сите партиски функции и членството во партијата.
Касами го соопшти ова преку објава на неговата официјална страница на Фејсбук., укажувајќи дека ги имал предвид неодамнешните постапки на пратеникот на Движењето БЕСА, Кастриот Реџепи кој не се појави во Собранието за да го поддржи предлогот за недоверба на Владата, со кои што постапил спротивно на одлуката на партијата, и според Касами, сериозно го нарушил и престижот на партијата
„Движењето БЕСА, односно јас како претседател на партијата, согласно статутарните одредби, односно член 14 став 3 точка 3.3 од Статутот на Движењето БЕСА, го исклучувам споменатото лице од сите партиски функции и од членството на Движењето БЕСА. Оваа одлука стапува во сила веднаш“, се вели во постот на Касами.