Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами ја одби понудата на премиерот Димитар Ковачевски за лидерската средба која денеска треба да се оддржи во Собранието со претседателите на парламентарните партии.
„Движењето БЕСА нема да учествува на денешната лидерска средба бидејќи сметаме дека оваа средба е свикана за да се спаси ДУИ од одговорностите“, рече Касами и додаде дека и движењето БЕСА е за уставни измени и дека ќе бара во овие измени еднаш засекогаш да се вклучи и реши прашањето со формулацијата – 20 проценти.
„Можеме да кажеме дека поканата на премиерот веднаш по поканата на Движењето БЕСА е саботажа. Што се однесува до уставните измени, ние како Движење БЕСА изјавивме дека сме заинтересирани тие да се случат. Но, во ова отворање на Уставот бараме еднаш засекогаш да се реши прашањето за 20 проценти“, изјави Билал Касами, претседател на Движењето БЕСА.
Пред премиерот да закаже лидерска средба, Касами ги покани претседателите на партиите од албанскиот политички блок на лидерска за усогласување на позицијата да се тргне од Уставот формулацијата „20 отсто“ и да се замени со албански јазик. Ниту еден од лидерите на партиите од албанскиот кампус не ја потврдија поканата на Касами за присуство на средбата.
Викендов и претседателот на Левица, Димитар Апасиев ја одби поканата на премиерот за лидерска средба.
На лидерската среба свикана од Ковачевски партиите треба да разговараат за евроинтеграцискиот пат на земјава, скрининг процесот и да се обезбеди консензус за внес на Бугарите во Уставот.