• Latest

Кацарска: Верувам дека довербата на граѓаните во Уставниот суд е зголемена

December 28, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Кацарска: Верувам дека довербата на граѓаните во Уставниот суд е зголемена

December 28, 2022 14:42
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Верувам дека довербата на граѓаните во Уставниот суд е зголемена, изјави на денешната завршна прес-конференција претседателката на Судот, Добрила Кацарска. Претставувајќи го работењето на Судот во текот на 2022 година, таа посочи дека годинава се одржани вкупно 42 седници и 130 решени предмети.

– Навистина верувам во тоа затоа што и со овие бројки што сега ги кажав покажавме дека и кога сме во неполн состав, односно кога бевме само пет судии ние имаме одржано најмногу седници, а освен тоа сè почесто се случува да укинуваме одредби од закони, па веќе ќе се даде и поинаков третман и на барањата за заштита на слободите и правата. Така што, верувам дека граѓаните ќе ја направат разликата помеѓу оваа работа сега на Уставниот суд и претходно, посочи таа.

Одговарајќи на новинарски прашања, Кацарска рече дека смета оти во моментов нема потреба од средба со повисоки инстанци за да обезбеди мнозинство од уставни судии, и кажа дека е силен поддржувач на воведувањето на уставната жалба.

– Ние го одиме патот кон Европа долги години, еве веќе почнавме и преговори. Ќе дојде и тој ден кога ќе побараат од нас воведување на уставна тужба и како што некаде се нарекува уставна жалба. И мој предлог е да час поскоро ја воведеме уставната жалба за да не се најдеме во ситуација да бидеме критикувани и повикувани зошто тој инструмент ние го немаме. Значи, секаде во секоја можност тоа и во секоја прилика го кажувам, но треба да се има во предвид дека е потребна промена на Уставот за да може да се воведе, рече таа.

Дополнувајќи дека во новиот акт кој што го имаат подготвено има одредби што се однесуваат токму на уставната жалба.

– Но, повторно ви велам, сепак ние зависиме од пратениците. Доколку има волја кај нив ние би се комплетирале веднаш и би почнале после неколку месеци секако би биле спремни да отпочнеме со таа работа. Но, нагласувам дека е неопходно потребно час поскоро да ја воведеме уставната жалба. Посебно што и ние сме една од ретките земји што немаме уставна жалба. На таа тема веќе имам неколку средби со ИРЗ од германската фондација, разговараме, тие ни помагаат, што ќе биде не знам. Не зависи тоа од Уставниот суд во секој случај. Да зависи од нас веднаш ќе ја воведеме, рече Кацарска.

Како најстар предмет кој што не бил решен од 2012 година го издвои предметот промената на имињата на училиштата во Општина Чаир.

– Имаме и други стари неколку предмети. Тука беше и предметот за изборот на претседателот на Собрание, Талат Џафери, од 2017 година и тој предмет е завршен. Но овие предмети што се сега останати стари се оние што се однесуваат за указите, за Преспанскиот договор и Законот за јазици за кој што сметавме ние пет судии дека треба да сме во комплетен состав за да можеме да одлучуваме затоа што навистина тоа се исклучително сериозни предмети. Таму се оспорени и указите и во целиот законите и знаете како, можеби ние би имале доволен број на гласови, можеби сите пет судии би гласале исто, но, друго е кога имаме ние дискусија од девет судии. За така сериозни предмети сметам дека треба комплетен состав. Веднаш штом се пополни Судот, штом се комплетираме секако дека тие предмети ќе имаат приоритет, рече таа.

Кацарска информираше дека со новиот акт се предвидени многу измени.

– Многу работи кои што не се предвидени досега и токму заради тоа што нема закон за Уставниот суд гледаме тие празнини да ги пополниме со новиот акт. Тоа сепак треба да го одлучат политичарите дали е потребно да има закон или не, а во поглед на изборот на судиите очигледно е дека има многу критики околу оној термин „истакнат правник“ и можеби е сега крајно време точно да се дефинира што значи терминот „истакнат правник“. Но, за тоа не мора да има ни закон. Тоа може да се среди на друг начин, смета таа.

На денешната завршна прес-конференција, претседателката ја претстави работата на Уставниот суд за 2022 година и посочи дека темата со неизбирањето на судиите останува сериозен проблем за Судот.

Tags: КацарскаправдаУставен суд
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ