• Latest

Казни со камери на патишта полни со дупки: Апсурдот на новите „реформи“ во високото образование

January 28, 2026

За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

May 13, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026

Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

May 12, 2026

Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

May 12, 2026

ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

May 12, 2026

Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

May 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

    Инфлација од 1,3% во април 2026: Најголем скок во храната и транспортот

    Фптп: Скриншот од видео на Guardian

    Нов правен пораз за Трамп – блокирани глобалните царини и најавени огромни рефундации

    Румен Радев / Фото: МИА архива

    Радев официјално ја презеде власта: Нова политичка ера во Бугарија меѓу реформите и геополитичките дилеми

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Дебата за политичките состојби во изборен контекст: Контрола на штетата и продолжување на политичкиот рок на траење на власта

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

    Звукот на привикнувањето

    Светски ден на слободата на медиумите: Помеѓу европските реформи и реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

    Предвремени избори за одржување на режимот

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Казни со камери на патишта полни со дупки: Апсурдот на новите „реформи“ во високото образование

January 28, 2026 14:40
in АНАЛИЗИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

АЛЕКСАНДАР ИВАНОВ

Деновиве, во јавноста повторно се актуелизира промоцијата на измените на Законот за високото образование. Навидум, намерите се благородни – подигнување на квалитетот. Несомнено, резултатите поврзани со научно-истражувачката работа на нашите универзитети се незадоволителни и тоа е факт пред кој никој сериозен професор не замижува. Но, во функција на рационална дебата и прецизно детектирање на причините, овој текст е обид да се оди подалеку од површината, да се образложи актуелната состојба и да се укаже на опасните апсурди кои ќе произлезат од ваквите „козметички“ решенија.

Митот за „Импакт Фактор“ и реалноста на научниот пазар

Клучното прашање што се поставува е: Како се стигнува на релевантните листи за рангирање на нашите универзитети? Одговорот што законот го нуди е бирократски едноставен – со пишување на трудови во списанија со импакт фактор, индексирани во базите на податоци Web of Science и Scopus. Но, како навистина се мери импактот? Според бројот на цитирања. А кои списанија се индексирани во овие елитни бази? Тоа се списанија од Универзитети или Истражувачки центри кои имаат длабока и долга издавачка политика, јасна стратегија на истражување и, што е најважно, институционална и акумулирана интелектуална елита. Тоа се системи кои се надоврзуваат на минатите истражувачки резултати што самите ги поставиле со децении наназад.

Влезот во тој клуб е тесно врзан со две работи: пари и факторизација. Факторизацијата подразбира градење на „научен профил“ преку вмрежување (пример, како што тоа го прави Бери Бузан во безбедносните студии), а парите се суровиот услов – за да се објави, честопати треба да се плати („Article Processing Charges“), да се организира промоција, да се биде дел од скапи конзорциуми. Јазикот на објавување, се разбира, е англискиот, што е стандард, но бара и лекторирање и професионална обработка која чини.

Европски услови наспроти македонска импровизацијаИзминативе години имав привилегија во рамки на мојата академска кариера да посетам бројни реномирани универзитети низ Европа. Разликата не е во интелигенцијата на професорите, туку во системот. Еве што забележав таму, а што кај нас е мисловна именка:

  1. Некомпромисен пристап до сите бази на податоци: Ова е системски решено на национално или универзитетско ниво. Професорот или студентот со еден клик има пристап до најновото светско знаење. Кај нас, пристапот е резултат на повремени прес-конференции и донации, а не на континуирана претплата.
  2. Активни истражувачки проекти: Таму науката се финансира преку апликативни проекти од ЕУ или индустријата, кои обезбедуваат средства за самото истражување, а не само за плати.
  3. Канцеларии за меѓународна соработка: Силни, екипирани оддели кои се мотор за движење, развој и административна поддршка на научниот кадар.

А каква е состојбата во Македонија? Имаме хиперинфлација на државни универзитети кои се резултат повеќе на коалициски договори за „мир во куќа“ и задоволување на етнички или локални апетити, отколку резултат на систематски пристап насочен кон развој и реална потреба на пазарот на труд. Од друга страна, имаме приватни Универзитети кои агресивно се промовирани од носители на јавни функции. Пример, не може да не се забележи Универзитетот Скопје и неговата медиумска присутност, неговите дипломирани студенти кои експресно добиваат функции, а уште помалку апсурдот со доделената стипендија од пратеничка од Собранието на „Фаќачот на Крстот“. Кога образованието станува маркетинг алатка, науката умира.

Правна гимнастика и плати

Состојбата со платите во Високото образование започна да се нормализира и да фаќа чекор со соседните држави (Косово, Србија, Албанија) дури со донесувањето на Колективниот договор за високо образование од 2021 година. Но, тоа беше следено со штетен правен преседан – „исклучок“ и потпишување на посебен Колективен договор на ниво на работодавач само за УКИМ, потпишан од Претседател на Собрание. Каква правна гимнастика! Ова создаде нееднаквост и револт. По тоа следеа измените на Законот за високо образование непосредно пред распишување на парламентарните избори, за нивелирање на платите со законско решение (преземање на коефициентите од колективниот договор на УКИМ). Ова покажува дека државата нема стратегија, туку гаси пожари пред избори.

Déjà vu: Од „Пленуми“ до „Интервјуа“

И ова се факти. Но, има и други факти, малку подлабоко под површината, кои бараат институционална меморија. За луѓето кои паметат подолго од вчерашниот ручек, јасно е дека ова се дискусии и „решенија“ кои веќе беа дебатирани, гласани и кои предизвикаа масовни протести кои ги деконструираа тогашните намери на власта да ги замолчи и контролира професорите. За потсетување, пред 11 години, во услови на можна неликвидност на буџетот, се донесе Закон со кој авторските хонорари се оданочија со стапки од околу 40%, убивајќи ја секоја мотивација за дополнителна работа.

Бидејќи имаше силни и енергични реакции, власта тогаш предложи ригорозен Закон за високо образование кој резултираше со поларизација: формирање на Професорски и Студентски пленум, наспроти т.н. Контрапленум. Кој го сочинуваше Контрапленумот? Воглавно две групи: едни, кои беа финансиски врзани со власта (преводи на книги, рецензии, платени членства во одбори) и втори, кои селекцијата за вработување ја поминаа на фамозните „интервјуа“ кај министерот Тодоров од 2010 година. Се зборуваше дека тој лично ги интервјуирал сите асистенти, дури и оние за кои внатрешните катедри дале поддршка. Така добивме кадри на политички науки, социологија, па дури и на технички науки, кои поминале низ партиски, а не академски филтер. Тие луѓе денес треба да бидат носители на реформите?

Казни со камери без асфалт

Ова ново решение на Законот, со условување на напредувањето исклучиво преку трудови во Web of Science, неодоливо ме потсеќа на системот за казнување со камери во сообраќајот. Замислете: Немаме решена инфраструктура, патиштата се полни со дупки. Немаме изградено сообраќајна култура ниту кај возачите, ниту кај пешаците. Нема соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација. Но, власта одлучува дека единствена варијабла за квалитет ќе биде дали возите точно 56 км на час. Ако возите 58 – казна. Камерата не гледа дали сте избегнале дупка, дали патот е одрони, ниту дали возите безбедно. Таа мери само една бројка.

Аналогно образование во дигитална трка

Така е и со Законот за високо образование: бараме формула 1 перформанси, а возиме по калдрма. Реалноста во амфитеатрите е поразителна: не само што немаме EDUROAM мрежа на сите факултети, ние немаме елементарни дигитални центри каде студентите и професорите би имале слободен пристап до платените светски бази. Државата бара наука од светски ранг, а не сака да плати ниту една претплата за ScienceDirect или JSTOR, или да го направи USER friendly за професорот. Професорот се снаоѓа „партизански“, молејќи колеги од странство да му симнат труд, за да може потоа тој да напише труд со импакт фактор. Тоа не е систем, тоа е импровизација.

Дополнително, општествениот контекст за истражување е „затруен“. Во општествените науки, лабораторијата е улицата, граѓанинот. Но, денес не можеме да реализираме ниту елементарно теренско истражување. Граѓаните се презаситени, изморени и длабоко разочарани. Ним им е преку глава од политички анкетари кои ги третираат како гласачко ливче, па уште пред нашите студенти – идни истражувачи – да се претстават и да кажат „добар ден, ние сме од Универзитетот“, добиваат врата во лице со зборовите: „Аман од вас партиите!“. Довербата, која е валута за секое социолошко и безбедносно истражување, е банкротирана. Општеството е херметички затворено за наука, бидејќи политиката го контаминираше секој простор за објективна мисла.

Дехуманизација на професурата: Импакт фактор vs. Човечки фактор

Арно ама, законот е слеп за ова. Тој ќе мери само едно: 6 трудови со импакт фактор. Таа магична бројка, тој бирократски фетиш, треба да зборува за сè? Дали тие трудови, често напишани со технички јазик разбирлив за грст луѓе, ќе зборуваат за ерудицијата на професорот? Дали Scopus мери интелектуална ширина, ораторство, етика? Може ли индекс на цитираност да ги измери специфичните „даскални особини“ и педагошкиот талент? Универзитетот не е фабрика за хартија. Неговата суштина се разговорите со студентите во кабинетите, менторството кое менува животи, капацитетот на професорот да препознае искра кај младиот човек, да му подаде рака и да го претвори во интелектуалец.

Основната задача на професорот е да мотивира, да дефинира теми кои провоцираат размислување, да инспирира критичка мисла, да им покаже на младите дека некој верува во нив дури и кога системот не верува. Тоа не се мери во Web of Science. Со претворање на професорите во ловци на поени и импакт фактори, ние всушност ги бркаме од училниците. Ќе добиеме професори кои се „духови“ за своите студенти бидејќи се зафатени со „бркање норма“. Можеби ќе добиеме подобра статистика за извештаите пред Брисел, но дефинитивно ќе ги изгубиме студентите и ќе ја убиеме душата на Универзитетот.

Амнестија за архитектите на хаосот

Да не бидам погрешно разбран: НЕ велам дека не треба да објавуваме. Напротив, науката мора да биде верификувана и меѓународно признаена. Но, тоа бара систематско преземање на сите мерки – од инфраструктура до финансии – а не казнена експедиција.

И тука доаѓаме до најголемиот цинизам на овој предлог. Имајте предвид дека најстрогите критериуми ќе важат за оние што доаѓаат или оние што се трудат да напредуваат. Но, тие кои најмногу придонеле за урнисување на критериумите во изминатите три децении, оние кои ги создадоа „лесни универзитети“, нема да подлежат на новите решенија. Тие се „амнестирани“ со стекнатите звања. И не само што се безбедни, туку токму тие ќе бидат факторот за „лиценцирање“ на новите магистри и доктори. Тие ќе седат во комисиите и ќе одлучуваат за судбината на младите истражувачи според критериуми кои самите никогаш не ги исполниле. Тоа е таа контрола врз интелектуалниот приполот што на сите власти им е „мерак“ – да се држи уздата преку послушни, а не преку квалитетни кадри.

Текстот е личен став на авторот | Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ | Сите права се задржани

Скопје, 27.1.2026

Александар Иванов е редовен професор на Факултетот за безбедност – Скопјe, специјализиран за безбедност на животната средина, меѓународни односи и трансформација на безбедносната наука во оперативна реалност.

Share33Tweet21Send
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ