Додека лидерите на ЕУ и Володимир Зеленски пристигнуваат на самит во Брисел, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, уште еднаш ја обвини Европа дека не ги поддржува напорите на Русија и САД да се постигне, како што рече, „мирно решение“ во Украина.
„Европа почна да се милитаризира и се претвори во страна во војната“, рече тој на дневниот брифинг со новинарите, според Би-би-си.
„Плановите за милитаризација на Европа, кои очигледно се во спротивност со намерите на рускиот и американскиот претседател да бараат начини за започнување на процесот на мирно решавање“, кажа портпаролот на земјата која пред три години изврши неиспровоцирана целосна воена агресија врз соседна, независна Украина, и чиј претседател го отфрли планот за 30 дневно примирје, поставувајќи неприфатливи услови кои би значеле капитулација на Украина.
Песков изгледа заборавил кога високи руски функционе и пропагандисти на Кремљ се закануваа и повикуваа на нуклеарни напади врз Лондон, Брисел, Париз и други цели во Европа, па сега се чуди дека Европа планира да се ревооружи.
А за тоа колку му вреди зборот на Песков во самата Русија, може да се увери самиот доколку го погледне видеото во кое неговиот работодавец, Владимир Путин даде забавен одговор на прашање за неговиот закажан телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, откако беше прашан за повикот што го потврди и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Не слушајте го Песков, тоа е само негова работа“, рече Путин на настанот на 18 март, само неколку минути пред повикот, што предизвика смеа кај присутните.
Се чини дека Песков во Кремљ служи како дворски шут, со задача да го забавува и засмејува владетелот и гостите.
Текстот е личен став на авторот