Пред почетокот на седницата за усвојување на уставните измени, собранискиот спикер ќе ги информира пратениците за оставката на координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.
Потоа Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања ќе свика итен состанок на кој ќе одлучи да побара од ДИК да го извести Собранието кој ќе седне во пратеничкото столче на местото на Тунтев.
Според листата, се очекува пратеничкиот мандат да му припадне на Рубин Земон. Се очекува целата постапка да заврши пред почетокот на точката за уставните измени.
Седницата е прекината и истата ќе продолжи по 16 часот.
М. И.
фото: М. Ивановска/ЦИВИЛ