Лидерот на Родина Македонија, Владимир Трајковски вчера за време на протестите пред Владата на Република Северна Македонија го запали и газеше знамето на Европската Унија.
„Сите проблеми доаѓаат од ку****а и блудница Европа и нашата држава треба да се откаже од влез и членство во ЕУ и така преку ноќ ќе завршат сите проблеми“, истакна Трајковски во видеото што самиот го објави на Фејсбук, инаку е еден од најгласните подржувачи на Руската Федерација.
Додека Трајковски го палеше ЕУ знамето му се приклучија и други членови на партијата Родина коментирајќи: „Лепо село – лепо гори“ и „ружно знаме – ружно гори“…
Дали Основното јавно обвинителство според Член 8 и Член 181 од Кривичниот законик ќе покрене кривична пријава против лидерот на Родина, Владимир Трајковски за намерно палење на знамето на ЕУ.
Член 8
„Грбот и знамето на Република Македонија, како и грбовите и знамињата на други држави и меѓународни организации кои се употребуваат во Република Македонија согласно со одредбите на овој закон, не смеат намерно да се кинат, палат, газат или на друг начин да се скрнават или изложуваат на презир или исмејување“.
Член 181
„Тој што со намера за исмејување јавно ќе изложи на подбив странска држава, нејзиното знаме, грб или химна или шеф на странска држава или 71 дипломатски претставник на странска држава во Република Македонија, ќе се казни со парична казна“.
Денес е четврти ден како што протестираат членовите на ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Родина и други граѓани против францускиот предлог за спорот со Бугарија. На вчерашните протести имаше и инциденти, пришто беа повредени 4 полицајци, еден скршен прозорец и турната заштитната ограда пред Владата на РСМ.
Д.М.